за

Tesla за првпат со профит по десет години

Производителот на електрични возила од Калифорнија за прв пат во десетгодишната историја забележа профит. Заслугата за успехот е во одличната продажба на новата лимузина Tesla S.

За првиот квартал Tesla пријави заработка од единаесет милиони долари, откако во истиот квартал во минатата година изгуби речиси 90 милиони долари. Соодветно на тоа порасна и вредноста на акциите на Tesla на берзата, за дури 26 проценти.

Од почетокот на годината се продадоа 4.900 примероци од новата лимузина со погон на струја Tesla S, што е за 400 повеќе од планираното. „Задоволни сме со добрата продажба на Model S на глобално ниво“, пишува во дописот на основачот и шеф на фирмата, Илон Маск, до акционерите во фирмата.

Tesla е технолошки предводник на погонот на струја. Високите трошпоци за развој на возилата и стартувањето со сопствено производство доведе до големи загуби во минатите години. Сега конечно се исплатеше долгото трпение на инвеститорите.

Електричната марка од Калифорнија ќе стартува со продажба на кросоверот Model X догодина
Електричната марка од Калифорнија ќе стартува со продажба на кросоверот Model X догодина

Daimler и Toyota се меѓу фирмите што вложуваат средства во иднината на Tesla. Обете фирми ја користат техниката од фирмата од Калифорнија за своите возила. Германците влегоа во Tesla во 2009 година, уште пред фирмата да се појави на берзата во средината на 2010 година. Догодина доаѓа кросоверот Model X, како трет модел во историјата на марката, по легендарниот Roadster и по лимузината Tesla S.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест: Mitsubishi Outlander 2.2 DI-D Instyle Navi

Јапонските марки се вратија во игра