Пред две години, калифорнискиот електро-специјалист за влакно се спасил од продажба на интернет гигантот Google. Шефовите Илон Маск и Лери Пејџ дури потишале и неформална спогодба.
Според книгата „Илон Маск: Тесла, Спејс-Икс и потрага по фантастичната иднина“ од авторот Ешли Венс, којашто треба да излезе од печат во втората половина на мај, пионерот на електричниот погон Tesla Motors имал мошне турбулентен период пред две години. Првите примероци од возилата имале многу недостатоци и пропусти, поради што следеле бројни поплаки од сопствениците. Како резултат од тоа, продажбата почна да бележи големи падови.
Менаџерите во Tesla во почетокот ја сокривале оваа информација од директорот, но откако дознал за тоа, Илон Маск ги повикал вработените, порачувајќи им: „Не ме интересира што сте правеле. Вашата нова работа е да продавате автомобили.“ Вработените стапувале во телефонски контакт со клиентите што имале нарачано автомобил од Tesla, убедувајќи ги да го купат возилото. Маск им ветил на незадоволните купувачи дека ќе им ги врати парите.
Во екот на оваа криза, Маск започнал преговори со Лери Пејџ, директор на Гугл. Шефот на Tesla Motors планирал да ја продаде својата компанија на Gugl, под услов тој да остане на чело на компанијата во следните осум години. За тој период требало да се реализира планот за комерцијализација на моделот на Tesla што ќе има попристапна цена за поширокиот пазар. Маск исто така побарал од Пејџ гаранција дека ќе се инвестираат 5 милијарди долари во изградба на нови фабрики на Tesla.
Додека адвокатите работеле на деталите на договорот, Tesla Motors ненадејно пријави мал профит во работата и продажбата на Model S почна да расте вртоглаво. Акциите на калифорнискиот производител на електрични автомобили пораснаа двојно, а можеа да се отплаќаат и кредитите. Преговорите тогаш конечно завршиле. Фирмата на Илон Маск денес се проценува на околу 26 милијарди долари.
















