Евтиниот автомобил од Индија требаше да се продава во милион примероци годишно, но од почетокот на продажбата во 2009 година до денес, од Tata Nano се продадоа само 230.000 возила.
Возилото се продава само во Индија, по цена од околу 1.500 евра. Но, се покажа дека цената не е пресудниот фактор при избор на автомобил ниту во Индија. Производителот направи огромна утка при процената на пазарниот потенцијал за суперевтината Tata. Продажбата продолжува да опаѓа. Во минатиот месец се продале за 86 проценти помалу возила отколку со февруари.
Производителот го гледа излезот во развој на поскапа и поусовршена верзија на Nano, која ќе се продава и надвор од индискиот пазар. Во 2011 година, Индијците развија таков автомобил и го прикажаа на салонот во Женева како студија со име Pixel.