Индискиот тркачки тим JA Motosport направи радикален тјунинг на евтиниот Tata Nano и го претвори во малечка тркачка ракета со 233 КС и крајна брзина од преку 200 km/h.
Најевтиниот автомобил на светот стана најевтиниот суперавтомобил. Индискиот тркачки тим JA Motorsport му се пушти на Tata Nano, комплетно го соголе ентериерот, ја замени механиката и го снабди со аеродинамичен кит што ќе го држи на земја. Резултатот е тркачки автомобил со јајцевиден изглед и 233 КС.

Стандардниот Tata Nano е микроавтомобил со четири седишта, когошто индискиот производител Tata Motors го пушти во продажба во 2009 година, по цена од 100.000 индиски рупии, односно околу 1.500 евра. Со тоа, Nano е најевтиниот автомобил во светот. За таа цена сепак мораше да се жртвуваат вообичаените ставки во „нормалните“ автомобили, акко сервоуправување, АВЅ и воздишни перници.

Домашниот автомобил сепак се покажа како голем предизвик за JA Motorsport. Индиските тркачи му вградија на Nano кокпит од карбон, тркачки кади од Recaro и волан со рамно дно. Задната клупа заврши во отпад, а на нејзиното место се најде „навиен“ мотор од 1,3 литар, во замена за стандардниот двоцилиндарец од 0,6 литар и 35 КС. Дополнително олеснет од стандардните 635 килограми, овој Super Nano постигнува преку 200 km/h.

Фабричките барабан сопирачки немаат шанси со оваа моќност, па затоа и тие се заменети со дискови, а комплетно е преработено и водењето на тркалата. Како што е ред во секој тркачки автомобил, во кабината е вграден и заштитен кафез. Врската меѓу моторот и слик гумите се постигнува преку секвенцијален менувач со шест степени и со рачки зад воланот. Приказната не завршува. Автомобилот ќе биде подготвен да се појави на тркачката патека веќе во следната година.