Suzuki ја започнува новата ера на миниавтомобили на домашниот пазар. Со новата генерација на Wagon R и Wagon R Stingray, според специјалистот за оваа класа пристига најбезбедниот и најштедлив модел во омилениот автомобилски сегмент на Јапонците, таканаречените кеи-автомобили.
Ова тврдење се должи на фактот што Wagon R отсега поседува систем за самостојно запирање при опасност од судир којшто работи на база на камера и ласер. Малечкиот Suzuki со оваа техника запира автоматски и пред пешаци, а не недостига и автоматско долго светло.
Според јапонскиот тест-циклус, благиот хибриден погон во Wagon R бара само три литри гориво на сто километри. Микрованот висок 1,55 метар располага со поголем отвор за багажник од претходникот, а во задните врати се изведени и посебни прегради за чадор. Исто како претходникот, Wagon R засега не е планирано да се продава на европскиот пазар.
















