Suzuki S-Cross е избор на италијанската публика за Ауто Еуропа 2023

Од седумте автомобили што се натпреваруваа за насловот на Ауто Еуропа 2023, во категоријата во којашто гласовите од публиката го одлучуваат победникот, најмногу гласови освои Suzuki S-Cross.

Ауто Еуропа е избор што се одржува во Италија, организиран од здружението на автомобилски новинари и избор што во 2023 го доживеа своето 37-мо издание. Седум финалисти е бореа за гласови од публиката, во категоријата на изборот во којашто одлучува единствено публиката.

Финалистите по азбучен редослед:

  • Alfa Romeo Tonale (достапен во верзии со благ хибриден погон и приклучен хибриден погон)
  • BMW X1 (бензин, дизел, благ хибрид, електричен погон)
  • Citroen C5 X (бензин, дизел, приклучен хибрид)
  • DS 4 E-Tense (бензин, дизел, приклучен хибрид)
  • Kia Sportage (бензин, дизел, полн хибрид, приклучен хибрид)
  • Renault Megane E-Tech (електричен погон)
  • Suzuki S-Cross (благ хибрид, полн хибрид)

За победата на S-Cross зборува директорот на Suzuki во Италија, Мирко ДалАњола: „Почестени сме со освојувањето на оваа престижна награда, затоа што таа покажува дека нашиот S-Cross Hybrid е автомобил што е способен да добива гласови и од специјизираното жири и од публиката, бгагодарение на приспособливоста, привлечниот италијански дизајн и напредната хибридна технологија што ѝ одговара на животната средина.“

Здружението на автомобилски новинари на Италија покрива 80 проценти од печатениот и онлајн медиумски простор во автомобилската сфера во земјата.

За Suzuki S-Cross гласале 7.185 посетители на наменскиот вебсајт за изборот. Кросоверот освои вкупно 35.415 бодови, односно повеќе од 40% од вкупниот број бодови што публиката ги распределила меѓу седумте финалисти.

Тоа што италијанската публика во изборот го цени најмногу кај Suzuki S-Cross се дизајнот, напредната технологија, хибридот, погонот 4х4, безбедносните системи и достапната цена. Освен во верзија со благ хибриден погон, кросоверот е достапен и со полн хибриден погон, што лани имавме можност да го тестираме во Vitara Strong Hybrid.

Претходна објаваШто да си посакаме во автомобилизмот во Новата 2023 Година
Следна објаваКинески директор ќе биде втор човек во Tesla по Илон Маск

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here