за

Германија со 7.000 евра субвенција за електрични доставни возила

man etge najava електрични доставни возила

Со цел да се подобри квалитетот на воздухот во градовите, германската министерка за животна средина Свенја Шулце планира зголемување на субвенциите за доставни возила со електричен погон. Од сегашните 4.000 евра, ценовното олеснување за купувачите на овие возила во иднина би се зголемило на дури 7.000 евра.

Со седум илјади евра, на голем број претпријатија во логистиката, но и на занаетчиите, ќе им се исплатува да го префлат возниот парк на струја,“ цени германската министерка

Погонот на струја може побрзо да се пробие меѓу лесните товарни возила отколку меѓу семејните автомобили, затоа што обично се вози на куси растојанија и според однапред утврден план. Доставните возила обично мируваат преку ноќ, така што и повеќечасовното полнење на батериите не претставува проблем.

Како што објавивме претходно, субвенционирањето на електричниот погон во Германија досега е искористено при набавката на околу 55.000 плагин-хибриди и „батериски“ електрични возила. Државата има издвоено 1,2 милијарда евра, со коишто е планирано да се олесни купувањето на 300.000 до 400.000 возила со погон на струја.

Електрични доставни возила лани достигнале близу 60.000 продажби само во Европа

Според последната статистика до декември, во Европа се регистрирани 59.245 лесни товарни возила и 1.603 минибуси со електричен погон. Европскиот возен парк од патнички автомобили со погон на батерии брои 414.394 возила, додека бројот на плагин-хибриди изнесува 443.982 возила.

Најпродавани доставни возила со електричен погон се Renault Kangoo ZE и Nissan e-NV200, како и StreetScooter Work.

Германија има субвенции за уште 300.000 електрични автомобили

Kumco најави нов концепт на електричен скутер

Електричното комбе MAN eTGE стартува во јули

Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

шпанците дизел автомобили

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот

класик кар клуб мехнетен

Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат