Германската пошта потпиша соработка со Alphabet, фирма специјализирана за лизинг во мрежата на BMW. Поштата отиде чекор подалеку од сите производители на автомобили и наиде на невиден интерес на пазарот за камионетот со погон на струја Streetscooter.
Streetscooter е хит на германскиот пазар. Камионетот што Германската Пошта го разви во сопствена режија и за сопствени потреби, се покажа неодолив и за голем број фирми кои ги увидеа предностите на електричниот погон во нивната секојдневна работа. Возилата во иднина ќе можат да се изнајмат и преку фирмата Alphabet којашто е специјализирана за лизинг во мрежата на BMW.
Соработката има за цел да излезе во пресрет на растечкиот интерес на пазарот за електричниот транспортер. Освен за вклучувањето договори за изнајмување, Alphabet ќе се грижи и околу сервисирањето, замената на гумите и поправката на оштетувањата на возилото.
Како се случи Германската Пошта да развие сопствен електричен транспортер?
Пред неколку години Германската Пошта побара од производителите на автомобили да ѝ се испорача лесно товарно возило со електричен погон. Никој производител не излезе во пресрет на светскиот гигант во логистиката на пратки. Логичен чекор беше сопствен развој, од когошто произлезе Streetscooter. Станува збор за стартап-компанија, којашто пред три години комплетно се интегрираше во Германската Пошта. Планот е во следните години целиот возен парк да се префрли на електричен погон. Во меѓувреме, голем број компании се интересираат за електричниот транспортер.
Германската Пошта доставува пратки со 4000 електрични комбиња
Streetscooter ги користи истите батерии со BMW i3
BMW не е партнер само во продажбата на Streetscooter, туку и во испораката на батерии. Модулите се монтираат во фабриката во Динголфинг, од батериски ќелии коишто пристигаат од азиските гиганти во сферата. Streetscooter практично користи исти батерии со BMW i3. Не се наведува дали баварците испорачуваат и други компоненти за Поштата.
















