Subaru произведе 15 милиони автомобили со погон на сите тркала

Јапонскиот специјалист денес го произведе 15-милионитиот автомобил со погон на сите тркала, по повеќе од четири децении откако за првпат го воведе овој погон во легендарниот Subaru Leone 4WD Estate.

Најголемиот производител на автомобили со погон на сите тркала во светот, јапонската марка Subaru, денес достигна 15-милионска продукција на автомобили опремени со техниката со којашто се прочу низ светот. Subaru го воведе погонот на сите тркала во септември 1972 година, во моделот Leone 4WD Estate. Оттогаш, овој погон стана неразделен дел од имиџот на јапонската марка.

subaru simetricen 15Лани дури 98 проценти од глобалната продажба на Subaru ја сочинуваа модели со погон на сите тркала, во комбинација со боксер-мотори, кои исто така се заштитен знак на јапонската марка. Симетричниот погон на сите тркала, како што Subaru ја води својата погонска техника, нуди спој на стабилност и тракција кои се својствени за овој погон, додека боксер моторите со ниското тежиште и со надолжната поставеност се грижат за рамномерна распределба на тежината на обете оски, што дополнително придонесува за подобрување на возните својства.

Компетентноста за погонот на сите тркала на јапонскиот специјалист се докажа и со долготрајниот период на доминација во светското рели, како и со култниот статус на Subaru Impreza STI.

Претходна објаваЧетири автомобили со над 1.000 коњски сили на салонот во Женева
Следна објаваЕлектричните скутери Unu го освојуваат европскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here