SsangYong во плус и со поголеми производствени капацитети

За прв пат по шест години, SsangYong постигна добивка. Воедно, специјалистот за теренци е единствена корејска марка што бележи раст на домашниот пазар.

На конференцијата за печат, извршниот директор на компанијата Ли Ју-ил ги објави резултатите од продажбата во второто тромесечие од 2013 година, според кои SsangYong продал 38.195 возила, остварувајќи нето добивка од 6,2 милијарди корејски вона.

Поради зголемената побарувачка на моделите од гамата на Korando, како и на новиот Rexotn W, испораката на нови возила доцни близу два месеца, но корејскиот производител веќе реагира со зголемување на производствениот капацитет и наскоро ќе може да одговори без доцнење на зголемениот интерес на пазарот за неговите возила.

„Зголемениот производствен капацитет на фабриката во Pyoengtaek – Јужна Кореја, ќе одговори на зголемената побарувачка на обновената гама на теренски возила на SsangYong и со тоа ќе се зацврсти успешната тенденција за успех на која се радуваме во моментов“ – заклучи г-дин Ју, одбележувајќи со гордост дека во моментов SsangYong е единствениот јужнокорејски производител на автомобили кој бележи раст на продажбата на домашниот пазар.

Претходна објаваNissan X-Trail: Коцката е фрлена
Следна објаваХибридниот Peugeot 208 троши 1,9 литар на сто километри

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here