Корејскиот специјалист за терен штотуку стартува со компактниот Tivoli на европскиот пазар. Но, SsangYong планира да го освои и големиот пазар во САД со робусен теренец по пример на Jeep Wrangler.
Корејската марка со 60-годишна историја ја гледа иднината во малечок и робусен теренец, со когошто очекува конечно да постигне успех и на американскиот пазар. За таа цел, SsangYong ќе работи на модел по пример на Jeep Wrangler, којшто ќе ѝ го донесе толку посакуваниот успех на марката. Моделот ќе се базира на концептот XAV, прикажан на салонот во Сеул во февруари. Tеренецот со изглед сличен на втората генерација на Korando располага со хибриден погон, со електромотори вградени во тркалата, како и со приспособлива пневматска амортизација. Без разлика што од оваа напредна технологија нема да остане многу во верзијата за сериско производство, за поздравување е упорноста со којашто SsangYong се навраќа на контроверзниот изглед на Korando од 1996 година. Можеби овојпат корејската марка ќе успее да постигне изглед што ќе биде допадлив на поширок круг купувачи, и покрај тоа што актуелниот дизајнерски правец со Korando и Tivoli наидува на одлична реакција на пазарот.
















