Skoda е автомобилската ѕвезда на Европските филмски награди во Берлин

Skoda беше задолжена за превозот на ѕвездите на Европските филмски награди. За одбележување на својата 120-годишнина, чешката марка обезбеди и неколку историски возила, вклучувајќи автобус од 1960-те.

Синоќа во Берлин се доделуваа Европските филмски награди, а филмофилите сигурно го забележаа и присуството на автомобилите од марката Skoda на овој важен настан за европскиот филм. Чешката марка обезбеди возен парк од дури 35 возила за превоз на филмските ѕвезди, вклучувајќи го и олдтајмерот Skoda Superb од 1935 година, и секако, автобусот од 1962 година, кој му даде посебна ретро-нота на настанот.

Автобусот олдтајмер на Skoda од 1962 година на синоќешното доделување на 28-те Европски филмски награди во Берлин
Автобусот олдтајмер на Skoda од 1962 година на синоќешното доделување на 28-те Европски филмски награди во Берлин

Што се однесува до кинематографската страна, од шесте филмови што се пласираа во финалето, жирито на Европската филмска академија се реши за драмата „Youth“. Неизвесноста за гостите и особено за номинираните во 20-те категории на Европските филмски награди траеше до самата завршница. Уште во предвечерието беа познати носителите на почесните награди: Кристоф Валц, Шарлот Ремплинг и Сер Мајкл Кејн. Последните два актери ја добија и наградата за најдобра европска актерка, односно актер.

Skoda се погрижи гостите да пристигнат со стил до црвениот тепих пред домот на берлинскиот фестивал. Во чест на одбележувањето на 120-годишнината на чешката марка, дел од гостите добија и специјално патување низ времето, со оригинален олдтајмер автобус на Skoda од 1962 година. Ѕвездите од филмовите „Victoria“, „Summer Downstairs“ и „Rams“ пристигнаа на вечерта во овој уникатен ретро-стил.

Претходна објаваVolkswagen Golf Country од времето кога светот не знаеше за SUV
Следна објаваСте виделе Aston Martin Vulcan во акција?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here