Виетнам ќе послужи како појдовна точка за марката Škoda да почне да го освојува пазарот во Југоисточна Азија. Во чест на големото значење на проектот за земјата, чешкиот премиер Петр Фијала ја посети идната фабрика на Škoda во виетнамската провинција Кванг Нињ.
Чешкиот премиер Петр Фијала, беше пречекан во земјата од Претседателот на Виетнам, Во Ван Туонг, и Премиерот Фам Мин Шин. Локален партнер на Škoda e компанијата Thanh Cong Motor Vietnam (TC Motor).
Државничката посета имаше за цел да укаже на поддршката од чешките политичари за бизнисот на производителот на автомобили во Виетнам. Škoda има улога на стратешки лидер за продажбата на сите марки од коцнернот Volkswagen во регионот на Југоисточна Азија. Голем капитал се влева во регионот.
Изградбата на продажни салони и сервисни работилници во Виетнам веќе е во тек. Првиот салон во Ханои ќе биде отворен наскоро, а потоа следат салони во Да Нанг и во Хо Ши Мин Сити. Во јуни во земјата ќе пристигнат првите возила Škoda од европско производство.
Инвеститор и сопственик на фабриката е компанијата TC Motor. Регионот Асеан, Здружение на нации од Југоисточна Азија, моментно е најбрзо растечки регион во светот. Некои држави постигнуваат раст во економијата и до 8 проценти на годишно ниво. За 2030 година, се предвидува дека во регионот ќе се продадат повеќе од 4,5 милиони возила.
🚗India became Skoda's 3rd largest sales market in 2022, thanks to the success of #Kushaq & #Slavia, selling 51,865 cars. Skoda plans to assemble CKD cars (Kushaq & Slavia) from India in Vietnam to expand their global presence #SkodaIndia
Read more at… https://t.co/dFAF1nYBiq pic.twitter.com/BgxRb6WInW— RushLane (@rushlane) March 16, 2023
Активностите на Škoda во Виетнам се поврзани директно со фабриките на чешкиот производител во Индија. Моделите што се развиени посебно за индискиот пазар и се произведуваат локално, со голем удел на компоненти од домашна продукција, Kushaq и Slavia, во форма на CKD-модули ќе се увезуваат во Виетнам, и во фабриката што во моментов е во изградба, ќе се врши монтажа на модулите во готови возила. CKD се однесува на Completely Knocked-Down модули. Првите возила од новата фабрика во Кванг Нињ ќе почнат да излегуваат во 2024 година.
Продажната мрежа на Škoda во земјата ќе ја сочинуваат преку 50 партнери. Во среден рок се очекува годишна продажба од 30.000 возила, со предвидување дека таа би надминала 40.000 возила по 2030 година.
Годинава почнува увозот на Karoq и Kodiaq од европските фабрики, в година следат Octavia и Superb. Во блиска иднина се планира во понудата да се најде и целосно електричниот Enyaq iV. Сите овие возила ќе се увезуваат од Европа.
















