Во фабриката на Skoda работи најмоќниот суперкомпјутер во Чешка

skoda суперкомпјутер
skoda суперкомпјутер

Во седиштето на Skoda во Млада Болеслав проработе најмоќниот суперкомпјутер во комерцијална примена на територијата на Чешка. Со процесорски капацитет од два петафлопови (floating point operations per second), тој изведува две билијарди сметачки операции во секунда. Ваква моќ е потребна за изведување верни симулации на аеродинамиката, на пример. Skoda ќе го користи суперкомпјутерот и за развој на идни мотори и во подрачјето на безбедноста.

Процесорската моќ постепено ќе се зголемува до 15 петафлопови, што одговара на 15 билијарди сметачки операции во секунда, односно е десетпати побрзо. Компјутерскиот центар на Skoda во иднина ќе изведува исклучително сложен High Performance Computing (HPC). Одделенијата за технички развој и производство ќе го користат суперкомпјутерот за визуелизација, виртуелна реалност и симулации, на подрачјето на заштита на пешаци, аероакустика и аеродинамика, како и усовршување на моторите.

Во иднина во компјутерскиот центар ќе се запишуваат и податоците од автомобилите што се поврзани во мрежа. Меморираните податоци ќе се чуваат со максимална безбедност. Покрај тоа, канцелариите во управата ќе се загреваат со топлината што ќе се создава од работењето на суперкомпјутерот, односно од разладувањето на компјутерскиот центар.

Тоа е само дел од помошното напојување на суперкомпјутерот на Skoda

https://photos.app.goo.gl/bqDBfpX3mckNkUcW7

Компјутерски центар на Volkswagen работи на струја од водопад

Претходна објаваMercedes четирикратен победник во изборот на „Auto Bild Klassik“
Следна објаваKia продаде 250.000 возила во октомври, Sportage бестселер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here