Skoda Superb отсега го полни мобилниот телефон без кабел

Skoda додаде нови ставки во опремата на знаменосецот Superb, вклучувајќи и индуктивно полнење на паметните телефони. Пораснаа и дисплеите, има и нови дизајни на бандажи.

Чешката марка на Volkswagen уште го нема искористено полниот потенцијал на Superb. Отсега на списокот на опции за знаменосецот се наоѓа и вграден полнач за паметен телефон по пат на индукција, додека инфосистемите Admunsen и Bolero доаѓаат со дисплеј на допир со пречник од 8 инчи, кој досега беше достапен само за најскапиот систем Columbus.

Има новитети и за спортските возачи, со прогресивното сервоуправување, кое што го менува преносниот однос според условите на возење, односно во град го олеснува паркирањето, а на кривулест пат ја подобрува директноста на управувањето. Прогресивното сервоуправување досега се нудеше само кај спортската Octavia RS, со доплата. Во Superb, истото може да се комбинира и со спортското и со приспособливото подвозје DCC, достапно во нивоата на опрема Ambition и Style. За комби изведбата стои на располагање автоматско дотерување на висината на задниот дел, според оптоварувањето. Пакетот освежувања го комплетираат три нови дизајни на бандажи.

За амбиенталното осветлување во кабината сега може да се избира во спектар од 10 бои, место сегашните три. Уште еден новитет е можноста различните „сетапи“ на возилото да се меморираат посебно во секој од трите испорачани клучеви.

Тест: Skoda Superb 2.0 TDI Ambition

Претходна објаваRenault по 33-ти пат официјален превозник на „Златна палма“
Следна објаваПродажбата на електрични автомобили во Европа порасна за една третина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here