за

Шкода Октавиа во ново издание за Свети Трифун

Чесите ја закажуваат дигиталната премиера на новото издание на Шкода Октавиа за 14-ти февруари. Важно е како ќе се закројат нештата.

Шкода ги објави првите цртежи на коишто се нагласени промените во новото годиште на бестселерот Октавиа. Датумот е 14-ти февруари, што за изготвувачите на агендата на Шкода е Свети Валентајн, и тоа има содржина, затоа што Октавиа со генерации е омилен модел на чешката марка. Но, има и наша симболика, за Свети Трифун, кога од закројувањето на лозјето, зависи родот.

Октавиа е феноменот на Шкода, што чешкиот производител на најдостапни и едноставни, но пак солидни автомобили, речиси преку ноќ го издигна во прозиводител на семејни возила што се борат да го понудат најдоброто за купувачите што имаат малку поголем избор кога решаваат за автомобилот. Од производителка на Фелициа и Форман, Шкода стана производителка на Октавиа.

На 14-ти февруари ќе бидат прикажани двете каросериски изведби, комбилимузината и комбито. За екстра желби, во моделското семејство на Октавиа и натаму ќе бидат достапни Спортлајн и РС.

Октавиа е во својата четврта генерација и од поремиерата во 1996 година се има продадено во преку седум милиони примероци. Главното тежиште на зафатите за освежување на досегашниот модел е ставено на изгледот. Октавиа треба да се вклопи во новиот изглед што го донесуваат новите генерации на Кодиак и Суперб.

Нови се светлата, сменети се браниците, има впечатливи промени и во маската.

Оливер Стефани, директор на Шкода Дизајн, објаснува: „Предизвик е, но и фасцинација, да им се даде нов живот и да се унапредат дизајнерските обележја на иконите на нашата марка. За најновиот апдејт на Октавиа ги дизајниравме одново браниците и маската на Шкода. Во исто време ги заостривме контурите на светлата и со тоа на нашиот бестселер му дадовме уште повпечатлива и поспортска појава. Со овој свеж настап и со новите обележја, како ЛЕД матрилните светла од втората генерација, Октавиа и во следните години ќе ги одушевува истражувачите на секојдневието.“

Каросерискиот дизајн е попрецизен во бројни детали

Матричните ЛЕД светла имаат нова светлечка графика. Тие се воедно и составен дел од т.н. Кристаслимиум. Овој елемент дава впечатлив син тон на внатрешноста на светлата и го облагородува изгледот на Октавиа.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мерцедес-Бенц ЦЛЕ: Каде што има купе, мора да има кабриолет

Порше Тајкан доби копче за престигнување Тесли