за

Шкода Октавиа: Срцето на марката сега чука уште посилно

Таа е срцето на марката: И покрај масовното преоѓање на СУВ-модели, Октавиа и натаму е најпродаваната Шкода. Фејслифт.

Промените во надворешноста во новото моделско годиште на Шкода Октавиа се забележуваат прво во новиот дизајн на предниот и задниот браник, и секако во сменетата маска. Новина се и матричните диодни светла од втора генерација, заедно со преработените задни диодни светла со анимирани трепкачи.

Покрај тоа што за седиштата се применети материјали што се фер кон животната средина, исто како и за арматурната табла и за облоите на вратите, стандардната опрема на Шкода Октавиа во повисоките нивоа опфаќа дигитални инструменти од десет инчи.

Познатиот дигитален кокпит плус, што беше вграден уште во третата генерација на Октавиа, останува и натаму во понудата како опција. Првпат во Октавиа може да се добие средишен дисплеј со пречник од 13 инчи, односно 33 сантиметри.

Асистентот за ракување што се темели врз вештачка интелигенција на Чет-ГПТ во иднина ќе доаѓа заедно со дигиталната говорна асистентка Лаура.

Моделското освежување им донесоа по еден сантиметар екстра во должина (4,70 метри) на лимузината и на комбито. Понудата од мотори се состои од два бензинци и два дизели, со моќност од 115 до 265 КС. Дволитарскиот ТСИ сега располага со 204 КС, место претходно 190 КС, и секогаш доаѓа во комбинација со погон на сите тркала. Тој подоцна ќе се приклучи во понудата. Моќноста на спортската изведба РС со спуштена каросерија е зголемена за 20 КС.

Во освежената Октавиа се вградуваат до десет воздушни перници и на располагање стои најширока понуда од системи за асистенција.

Гамата се состои од четири линии на опрема и девет дизајни на внатрешноста. Двозонската автоматска клима е стандард. Приклучоците УСБ-Ц отсега ќе испорачуваат трипати посилна струја. Назад се додадени прегради за одлагање. Кај комбито може да се нарача држач за таблет зад предните седишта, а за комбито се добива и прекривка за багажникот, што се намотува автоматски при отворањето на задната поклопка.

Видеото од тестот на Шкода Ениак

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франција им ги скуси ЕВ-субвенциите на богатите, ги остави за народот со пониски примања

Фиат 500е почна да освојува награди и во Америка