за

Фиат 500е почна да освојува награди и во Америка

Американскиот Грин Кар Журнал го прогласи електричниот Фиат 500е за најзелен градски автомобил за 2024 година.

Токму Фиат 500е ја има честа да биде прв електричен модел на Стелантис – концерн што меѓу своите 14-те марки го вклучува и Џип – што е понуден во продажба на пазарот во Северна Америка. Засега на 500е му оди одлично: Грин Кар Журнал го прогласи италијанското мини на струја за најеколошки градски автомобил во изборот за 2024 година.

Не постои друг модел на Италијанците што има освоено повеќе награди: 500е е најнаградуваниот Фиат на сите времиња. Од лансирањето во 2020 година, електро-чинквеченто освои 43 награди во 10 држави ширум светот.

Грин Кар Журнал му ја додели на Фиат 500е титулата на градски зелен автомобил на 2023 година. Тоа што го убеди жирито на Грин Кар се штедливоста, достапноста, стилот и возењето без штетна емисија со дух на италијански автомобил.

„Фиатовиот нов 500е привлекува со својата компактна форма, италијанската смисла за мода и возењето без штетна емисија,“ оценува Рон Коган, уредник и издавач на Грин Кар Журнал. „Тој ја има вистинската големина за градскиот живот, што значи полесно маневрирање и паркирање во тесен простор.“

Фиат 500е е најпродаван електричен модел во А-и Б-сегментот во Европа. Уделот на италијанското мини изнесува 14,7 проценти. Фиат 500е е најпродаван во сегменгот во Италија, Германија, Шпанија, Белгија и Австрија; Втор најпродаван модел е во Франција, четврти во Португалија и Полска. Меѓу 42-те досега освоени титули за 500е, сега се вбројува и првата северноамериканска титула.

Од лансирањето, од 500е се продадени повеќе од 185.000 примероци. Моделот во моментов се продава во 44 држави ширум светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шкода Октавиа: Срцето на марката сега чука уште посилно

Мерцедес Г-Класа како автомобил за Валентиново