https://youtu.be/y-8ptzn3tQQ
„Љубов што трае вечно“, порачува Мерцедес во светската кампања за Г-Класа и на цел свет му е јасно што е содржината на пораката. Штутгарт ја слави убавината на љубовта што не одминува, за Св. Валентин.
Мерцедес уште одамна најави дека ќе притиска уште посилно на луксуз и на специјални серии. Секако дека тоа е марка што ги исполнува ветувањата. Г-Класа ќе се изработи во специјална серија од 300 примероци, именувана „Посилна од дијаманти“.
Основата е Мерцедес-Бенц Г 500, на којашто е додаден изглед со којшто иконскиот теренец се нема појавено досега. Создателите на оваа серија ценат дека „Г-Класа е вистинска љубовна марка“.
Посебно за ексклузивната серија е создадена боја роузвуд греј магно, секако изработена во одделението за специјални проекти и нарачки, Мануфактур.
На пиновите во вратите, изработени од благороден челик, поставен е по еден дијамант од четвртина карат. На рачките на вратите е поставено лого со дизајн на дијамант.
На клучот е додадена сребрена плакета, со името на серијата и со стилизиран дијамант.
Кабината е обложена со најфината напа телешка кожа што ја има Мануфактур, во црна боја со розеви штепови. Подот е обложен со дебели патосници.
Купувачите добиваат сертификат за вградените дијаманти (РЈЦ), со што се гарантира дека тие се со правилно етичко, социјално и еколошко потекло.
Цената во Германија изнесува 175.000 евра.















