за

Франција им ги скуси ЕВ-субвенциите на богатите, ги остави за народот со пониски примања

Владата ја скуси субвенцијата за електрични авотмобили од 5.000 на 4.000 евра за купувачите со повисоки примања.

Француската влада ја скуси за 20 проценти субвенцијата што купувачите со повисоки примања ја добиваат при набавка на електрични и хибридни возила. Овој чекор е направен заради заштита на буџетот од прекумерно трошење, бидејќи интересот на француските возачки и возачи за користење на поволностите за купување електричен автомобил се покажа далеку над предвидувањата на владата.

Со владината одлука се намалува субвенцијата од 5.000 евра на 4.000 евра за купувачите со повисоки примања. Субвенцијата за народот со пониски примања остана непроменета и таа и натаму изнесува 7.000 евра.

„Ја приспособуваме програмата за да помогнеме на повеќе народ, но со помалку пари“, изјави министерот за животна средина Кристоф Бешу за радиото Франсинфо.

Исто како владите во повеќето други држави, Франција нуди повеќе видови субвенции за потикнување на купувањето на електрични возила, но сака воедно да се обезбеди дека нема да го надмине буџетот од 1,5 милијарда евра за таа намена, во време кога постои голема неизвесност околу јавните трошења.

Во меѓувреме се скусија и субвенциите за купување службени автомобили со електричен погон, исто како и бонусот за купување нови автомобили со мотор со внатрешно согорување, како замена за старите автомобили со висока штетна емисија што понатаму се носат на отпад.

Наспроти владините скусувања на субвенциите за купување, голем дел од локалните власти продолжува да нуди дополнителни бонуси за електрични автомобили. Таков пример е подрачјето на Париз, каде што се добива бонус во висина од 2.250 до 9.000 евра, зависно од висината на примањата на купувачите.

Најновиот чекор доаѓа откако владата во понеделникот ја запре програмата за субвенционирање на купувањето електрични автомобили за народот со пониски примања што беше предвидена да трае до завршетокот на годинава. Французите покажаа многу поголема заинтересираност за помошта за купување и за електричните автомобили, отколку што владата очекуваше.

Програмата што предизвика огромен интерес, беше наменета за жители со пониски примања, што секојдневно патуваат најмалку 15 километри до своето работно место. Владата во 2024 година сметаше на 20.000 до 25.000 договори со исклучително ниска месечна рата за наем на возилото. Место тоа, за само неколку недели се пријавија 50.000 заинтересирани, што инаку патуваат со воз.

Програмата им овозможи на жители со годишни примања под 15.400 евра, да користат електрично возило под лизинг за 150 евра месечно. Цената на возилата не смееше да надмине 47.000 евра. Програмата продолжува в година. Таа не важи за кинески автомобили.

Франција не е единствена што ги скусува субвенциите за електрични автомобили. Германија нагло ја прекина својата програма во декември, затоа што владата мораше да го ревидира буџетот, поради високите трошоци во корист на зелената транзиција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на Мерцедес: Секако дека и по 2030 ќе се произведува Мерцедес со бензинец или дизел

Шкода Октавиа: Срцето на марката сега чука уште посилно