Шкода планира значително скусување на трошоците со агенцискиот модел на продажба

Фолксваген и сите сестрински марки во концернот ќе мораат да се стават на режим на штедење.

Шкода значитечно ќе ги скуси трошоците за дистрибуција со преоѓањето на агенциски модел на продажба. „Можеме да постигнеме системот да биде поефикасен за еден до два проценти“, кажува првиот човек на Шкода, Клаус Целмер.

Дилерите на Шкода, во вообичаениот начин на дистрибуција во моментов работат со маржа во висина од 16 до 18 проценти. Наспроти тоа, провизијата во агенцискиот систем на продажба изнесува 6,5 проценти. Според процените на Целмер, најголемиот дел од разликата во висината на наградата за продавачите, ќе може да се искористи за давање попусти.

Во Германија и на најголемите автомобилски пазари во Европа, Шкода в година почнува да го воведува агенцискиот модел на продажба. Електричниот СУВ-модел од компактна класа Елрок, што Шкода го планира за четвртиот квартал од 2024 година, ќе биде првиот модел што дилерите ќе го продаваат во име на производителот на возилото, место сами да го продаваат.

Преоѓањето ќе се одвива постепено. Во 2025 година доаѓа време за стартот на новата генерација на електричниот Ениак. Во иднина сите електрични модели ќе им се продаваат на приватните купувачи и на помалите флотни клиенти на тој начин.

Од 2028 година, Шкода ќе продава повеќе електрични, отколку автомобили со мотор со внатрешно согорување

Кај моделите со мотор со внатрешно согорување, Шкода ќе остане на селективната дистрибуција. Потребно е да минат повеќе години, додека главнината од моделите се префрли на посреднички начин на продажба. Целмер очекува дека „преливната точка“ ќе се достигне во 2028 година. „Тогаш ќе продаваме повеќе батериски електрични возила, отколку возила со мотор со внатрешно согорување.

Долгото преоѓање на новиот начин на продажба ги става производителите пред различни предизвици. „Мораме да го менаџираме ова еволутивно преоѓање“, вели Целмер. Воведувањето на новиот модел на дистрибуција им причинува бројни проблеми на производителите, како што веќе се покажува.

Посебноста кај Шкода е тоа што производителот подолго време ќе ги користи двата различни системи. „Може да се случи во Европа во одреден период да појави поголема конкуренција меѓу продавачите на иста марка“, кажува Целмер. Тоа може да го раздвижи сивиот пазар, со којшто чешката марка веќе се соочува и без тоа. Поради тоа, Шкода паралелно ќе го воведува агенцискиот систем во повеќето европски држави.

Претходна објаваКиа ЕВ6 е најдобра спортистка на струја за американскиот Роуд енд Трак
Следна објаваКој сака да си купи само мотор со 1000 КС, Доџ ги продава во пакет

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here