Кој сака да си купи само мотор со 1000 КС, Доџ ги продава во пакет

Американската мускул-марка Доџ го најавува новиот мотор Хелефант Ц170 6.2 Хеми со натполнење со механички компресор, што ќе биде достапен за нарачки од првиот квартал во 2024 година.

Истиот мотор што му дава сила на Доџ Џеленџер СРТ Демон 170, може да се нарача како пакет од Дајрект Конекшн, како што се нарекува огранокот на Доџ, посветен на подготовка и испорака на мотори со високи перформанси и делови за нив.

Американскиот производител што е дел од концернот на Пежо и Фиат, има подготвено цела серија мотори Лонг Блок во изработка на Дајрект Конекшн.

  • Хелкрејт Редај 6.2 Суперчарџд Крејт Хеми Лонг Блок
  • Хелкрејт 7.2 Суперчарџд Крејт Хеми Лонг Блок
  • 392 Крејт Хеми Лонг Блок
  • 345 Крејт Хеми Лонг Блок
  • Харикрејт Кет 3 Лонг Блок
  • Харикрејт Кет 1 Лонг Блок

Доколку мотор се нарача уште годинава, следи попуст од 1.000 долари.

Покрај цените на моториве, тоа е мошне фер понуда.

Моторот Хелефант Џ170 6.2Л Суперчарџд Крејт Хеми работи во најсилниот „мускулест“ автомобил што е произведен во историјата, во Доџ Челенџер СРТ Демон 170. Овој мотор сега може да се нарача од Дајрект Конекшн и да се вгради во соодветна режија за тјунинг.

Цената на овој мотор: 27.695 долари

Со подобрувањата во новата генерација се овозможува поголема издржливост на притисок во цилиндрите. При користење гориво Е85, етанол 85% проценти, максималната моќност е 1.025 КС при 6.500 вртежи во минута, а вртежниот момент достигнува 1.081 њутнметри при 4.000 вртежи во минута.

Извршени се бројни зафати во главата на моторот, сменети се водилките на вентилите и материјалот на седиштата на вентилите, клиповите се нови, исто како и клипниците. Соодветно се вградени и поиздрживи лежишта.

Претходна објаваШкода планира значително скусување на трошоците со агенцискиот модел на продажба
Следна објаваЛипмотор ќе биде 15-та марка на Стелантис, за евтини електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here