за

Skoda со два легендарни модела на Youngtimer Classic 2014

Skoda 110 R беше единствено спортско купе од големосериско производство во Источниот блок во 1970-те години

Чешката марка ќе се појави со два легендарни модела со заден погон на трката Youngtimer Classic 2014 во Германија. Купето 110 R и „моќната“ лимузина 1100 MB пријатно ни ги освежуваат сеќавањата.

Skoda денес ќе стартува со два култни модела на Youngtimer Classic 2014, познатата трка на јангтајмери што традиционално се одржува во Германија. Спортското купе 110 R во 1970-те години беше автомобил од соништата во земјите од Источниот блок. Зад воланот е седумкратниот германски шампоион во рели Матијас Кале. Kaко втор модел на Skoda на релито на олдтајмери ќе вози лимузината 1100 MB.

Претставен во 1970 година, моделот 110 R беше единствено спортско купе од големосериско производство во Источниот блок. Основата потекнуваше од популарната лимузина S 110, но моторот беше посилен. Четирицилиндарецот од 1,1 литар постигнува моќност од 62 КС и го забрзува купето тешко 900 килограми до 145 km/h. Задниот погон, спортските седишта, спортскиот волан и трите дополнителни инструменти на арматурната табла, како и прозорците без рамка направија овој модел на Skoda да биде посакуван од автомобилските ентузијасти. Skoda 110 R беше исклучително ценет како рели возило меѓу приватните возачи од Истокот.

SKODA 1000MB - 50 years - 004

Моделот 1100 MB беше посилна и полуксузно опремена варијанта на 1000 MB. Со оваа лимузина од 1964 година започна новата ера на чешката автомобилска марка. Возилото со заден погон и мотор назад поседуваше самоносечка каросерија, како еден од ретките модели во тоа време. Благодарение на напредната конструкција, 1000 MB тежеше само само 800 килограми. Пазарот буквално ја обожуваше оваа лимузина од средната класа. До 1969 година од фабричките хали во Млада Болеслава излегоа близу 450.000 примероци. Во опашот на 1100 MB работи 1,1-литарски четирицилиндарец со 45 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Омилениот Jaguar на Јан Калум влегува во серија

Volkswagen Touareg подготвен за трет подвиг за светски рекорд