Од претставувањето на моделската серија во 2001 година, Škoda продаде 900.000 примероци од својот знаменосец. Третата генерација е на пат да го надмине успехот на претходниците. За година и пол се испорачаа над 100.000 примероци, што прави големата Škoda да се најде меѓу најпопуларните модели во средната класа.
Škoda Superb ја прославува 15-годишнината. Од појавувањето на првиот модел во 2001 година, чешката марка произведе 900.000 примероци од трите генерации. Актуелниот Superb стартуваше со продажба во март 2015 и досега е произведен во над 100.000 примероци.
Со нов, повпечатлив дизајн и со актуелна техника, Škoda Superb ја внесе марката во нова ера. Во повеќе национални избори, големата лимузина ја понесе титулата на автомобил на годината. Купувачите особено ја ценат просторноста на кабината и функционалноста на каросеријата, со што Superb е предводник во средната класа. Сето тоа резултираше со одлични продажни бројки, со коишто Škoda ги засенува традиционалните играчи, како Opel Insignia, Ford Mondeo или Renault Talisman.
Škoda се поврзува со големите класи автомобили уште од зачетоците на марката. Во 1907 година Laurin & Klement FF беше прв модел со осумцилиндарец во Централна Европа. Во 1920-те години, првиот претседател на тогашна Чехословачка, Томас Гарик Масарик, користеше Škoda Hispano-Suiza. Во следната декада, осумцилиндарската Škoda 860 беше еден од највпечатливите модели по патиштата.
Моделското име Superb за првпат се појави во 1934 година. Моделот Škoda 640 Superb ја користеше технологијата од моделот Popular, вклучувајќи го 2,5-литарскиот шестцилиндарец со 55 КС. Карданското вратило беше сместено во цевна рамка, додека место ѕвездести сопирачки се користеше напредна независна суспензија на обете оски. На тој начин каросеријата трпеше помали оптоварувања во споредба со стандарната конструкција. Од моделот се произведоа само 200 примероци.



















