за

Skoda најавува Rapid со пет врати

Чесите имаат вистински погодок со големата лимузина со мала цена. Наесен следува верзија од моделот со пет врати, со која што Rapid ќе им конкурира на моделите од компакт класата, меѓу другото и на Golf.

Skoda ја проширува моделската понуда и јасно се профилира како евтина алтернатива на моделите од матичната марка Volkswagen. На салонот во Франкфурт во средината на септември, чешката марка ќе ја претстави верзијата на Rapid со каросерија со пет врати. Со тоа моделот ќе понуди просторност и практичност на моделите од компакт класата, со техника од пониската класа, но и со соодветно ниска цена. Комбилимузинскиот модел на Rapid веројатно ќе ја носи дополнителната ознака Spaceback.

Продажбата во Западна Европа, каде што комбилимузинските верзии се преферираат пред лимузинските, ќе стартува пред крајот на годината. Палетата на мотори ќе биде идентична со лимузинскиот модел, односно ќе вклучува четири бензинци со моќност меѓу 75 и 122 КС, како и два дизели со моќност од 90 и 105 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сте го провериле клима уредот скоро?

Ете зошто Mercedes: 60 години на најславниот Mercedes во Македонија