Skoda го произведе 17-милионитиот автомобил

Во матичната фабрика на Skoda во Млада Болеслава е произведено 17-милионитото возило на марката. На чешката ќерка на Volkswagen ѝ оди одлично. Лани падна и продажниот рекорд.

Skoda достигна 17-милионска продукција на возила. Јубилејниот автомобил е Skoda Rapid Spaceback во „корида црвена“ боја, произведен е во матичната фабрика во Млада Болеслава и нарачан е од купувач од Германија. Стратегијата за зголемување на продажбата на чешката марка вроди со плод. Лани Skoda пра прв пат продаде преку 1 милион возила во својата 120-годишна историја. Во следните години претстои достигнување на продажбата од 1,5 милион возила.

Основачите Лорин и Клемент го произведоа првиот автомобил Voiturette Type A во 1905 година. Сега продукцијата достигна 17 милиони возила
Основачите Лорин и Клемент го произведоа првиот автомобил Voiturette Type A во 1905 година. Сега продукцијата достигна 17 милиони возила

Skoda моментно има седум моделски серии и преку 40 моделски изведби. Лани компанијата постигна продажен рекорд со 1,04 милион возила. Последниот модел на чешката марка е Fabia, чијашто комерцијализација е веќе почната на поголемите пазари во Европа, а во средината на февруари следува и претставувањето на комплетно новата генерација на знаменосецот Superb. Продажбата на новиот модел од средната класа ќе стартува во почетокот на јуни.

Најголем пазар на марката моментно е Кина, со 27 проценти учество во вкупната продажба на Skoda. Возилата на марката се произведуваат во 13 фабрики во Чешка, Кина, Русија, Индија, Словачка, Казахстан и Украина.

Претходна објаваПротив загадувањето на воздухот: Рим без автомобили во недела
Следна објава„Пијани“ бандери на автопат во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here