Постои ли британска марка автомобили којашто останала непозната надвор од островите? Како што денешните автомобили се произведуваат во фабриките на „планетарните“ концерни не многу различно од телевизорите на електронските гиганти, така британската школа во создавањето и обожувањето на автомобилите станува се повеќе забележана и почитувана.
Повеќе од 600 сопственици и фанови на Aston Martin го одбележаа почетокот на новата сезона во едно од омилените автомобилски собиралишта во Велика Британија, Националниот автомобилски музеј во Бјули. Фантастична бројка од 311 автомобили Aston Martin, на 8-ми април се собраа на оваа локација што ентузијастите ја препознаваат безгрешно.
Само на „Simply Aston Martin“ во Бјули може да се сретнат два примерока од истата лимитирана серија
Марката што е гордост на британското производство на автомобили и на културата на негувањето на култот кон нив, на настанот наречен „Simply Aston Martin“ ги собра и најретките и највредни модели. Каде на друго место би можеле да се сретнат два примерока од специјалната серија Vantage GT8 во препознатливите тркачки бои на Gulf.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
DB9, Volante и Vantage, единствено на вакви собири можат да останат „незабележани“, особено покрај DB Mark III од 1958 година или неколку примероци од DB4, DB5 и DB6. Фината дружина ја комплетираа примероци од поновите генерации на DBS, како и неодоливи V8 Vantage и V8 Vоlante од 1970-те и 1980-те години.
„Нај Астон“ е примерок од серијата во чест на аеробатскиот тим на РАФ
Посетителите гласаа за својот фаворит на собирот. Годинава најмногу гласови доби Хемфри Бредли од Лондон, сопственик на „Red 10“, односно на еден од десетте примероци од специјалната серија на Aston Martin Vanquish S. Оваа серија е изработена во чест на „Црвените стрели“, специјалниот тим пилоти на РАФ, особено ценет по акробациите што ги изведува во воздух.
Следни се „симпли“ собирите за Audi (29-ти април), потоа следи Simply Ford (6-ти мај), Simply Porsche (3-ти јуни), Simply Volkswagen (16-ти јуни), Simply Land Rover (24-ти јуни), Simply Jaguar (8-ми јули), Simply Japanese (29-ти јули) и Simply Smart на 11-ти ноември.
Aston Martin ќе прави нова супермарка од Lagonda
Aston Martin поканува во новоотворената онлајн-продавница
Aston Martin Vantage: Наследник на спортската династија
На Aston Martin му личи да биде и велосипед
Во Токио отворен најголемиот салон на Aston Martin во светот
























