На Aston Martin му личи да биде и велосипед

Storck Fascenario.3 Aston Martin Edition

Aston Martin може да биде уште многу работи освен автомобил: Глисер, јахта, комплекс луксузни апартмани, скапа облека, па дури и подморница. Зошто тогаш ова славно име да не се најде и на велосипед?

Aston Martin заедно со германскиот производител Storck ќе изработи лимитирана серија тркачки велосипеди. Само 107 примероци ќе се произведат од моделот наречен Fascenario.3 Aston Martin Edition. Рамката и вилушката се од карбон, со врвна аеродинамика и квалитет проверен од експертите на британската марка.

Идејата за проектот настанала откако Маркус Шторк, основачот на компанијата Storck, помагал при развојот на One of Seven, легендарниот проект на Aston Martin. Работата на Шторк била фокусирана на визуелниот ефект на карбонот во возилата. Потоа, идејата се префрлила на заеднички развој на велосипед.

Aston Martin во суперлесна категорија: Велосипед тежок 5,9 килограми

Резулатот е Aston Martin Edition, врв во развојот на Storck Fascenario.3, победник на бројни тестови и освојувач на вредни награди. Рамката тежи 770 грами, а целиот велосипед, заедно со карбонските сопирачки од THM и бандажите од Zipp од истиот материјал тежи само 5,9 килограми. Секако дека карбонската конструкцијата обезбедува и врвна цврстина.

Велосипедот поседува безчижни менувачи од Sram. Тоа му дава визуелен квалитет на велосипедот, но има и дополнителна фунција. Левата и десната рачка функционираат исто како палките за менување на преносот во спортските автомобили на марката – десната за степен горе, левата за степен долу.

Бојата е уште еден печат на британската марка. „Аргентум Неро“ е изведена од традиционалната тркачка зелена боја на марката и ја менува бојата според светлината. Истата боја ќе се користи и за следниот автомобил во соработка меѓу Aston и Storck.

Познато автомобилско име е напишано и на гумите Pirelli P Zero Velo. Со серијата од 107 примероци, велосипедот е вистинска реткост, но и мамка за колекционерите. Според Шторк тоа е „најдобриот велосипед со автомобилско име на него произведен досега.“ Цената е иста како за Aston Martin меѓу велосипедите: 15.777 фунти.

Претходна објаваТоп 50 најпродавани модели во Европа: Golf прв, Qashqai втор
Следна објаваСопственици ја тужат Tesla за автопилотот што не функционира

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here