за

Сопственици ја тужат Tesla за автопилотот што не функционира

tesla автопилот

Сопственици на автомобили од Tesla го тужат производителот затоа што им наплатил премногу за обновување на автопилотот, а тој воопшто и не функционира.

Tesla има проблеми со сопствениците на возилата од марката во САД. Повеќе клиенти веќе поднеле тужби против производителот. Тие пред една година платиле за новиот софтвер „full self driving“, со когошто се овозможува автономно возење. Проблемот е во тоа што новиот софтвер вреден 8.000 долари ниту оддалеку не ја исполнува ветената функција.

Една од причините за тоа е заминувањето на шефот на одделението за развој на автономна технологија во јануари. Неговиот наследник работеше само половина година. Згора на сé, Tesla е во спор со добавувачот Mobileye, чијшто софтвер повеќе не може да се користи за автономно возење. Во рок од шест месеци, калифорнискиот производител морал да ја преработи целата техника што ја испорачал Mobileye.

Втората генерација на автопилотот на Tesla е „бескорисна и опасна“

Сопствениците не се најсреќни со новиот софтвер. Поголемиот дел од нив сметаат дека втората генерација на автопилотот на Tesla е полоша и не е безбедна како првата верзија, којашто беше произведена заедно со Mobileye. Во тужбите се наведува дека „автопилотот е бескорисен и опасен“.

Tesla досега важеше како предводник на автономното возење. Нивниот систем не дозволуваше возачот подолго време да им се посвети на други активности, што производителот јасно им го соопштуваше на своите клиенти. И покрај тоа, на интернет постојат безброј видеа на коишто возачите на Tesla не само што го занемаруваат воланот, туку го напуштаат и возачкото седиште.

Речиси сите големи производители на автомобили работат на технологијата за автономно возење. Audi прв разви автопилот од ниво 3 до сериска зрелост за новата генерација на A8, но законите уште не дозволуваат техниката да се користи во редовен сообраќај.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Storck Fascenario.3 Aston Martin Edition

На Aston Martin му личи да биде и велосипед

Toyota Auris Hybrid Touring Sports

Тест: Toyota Auris Hybrid Touring Sports