Во Токио отворен најголемиот салон на Aston Martin во светот

aston martin aoyama

Британија се збогува со ЕУ, но веќе има нови пријатели. Во Јапонија денес започна со работа најголемиот салон на Aston Martin во светот, со површина од илјада метри квадратни. „The House of Aston Martin Aoyama“ ќе продава повеќе возила од било кој друг салон на марката.

Марката што го снабдува возниот парк на најпознатиот таен агент во светот, во следните пет години ќе направи трговска размена со Јапонија вредна половина милијарда фунти. Четиристотини милиони фунти ќе вреди извозот на спортските автомобили од двете фабрики на Aston Martin, вклучувајќи го и идниот кросовер најавен за 2019 година. За возврат, 70 милиони фунти вредат деловите што Британците ги нарачуваат од јапонските добавувачи, како Bridgestone, Denso, Mitsubishi и Yazaki.

Јапонија е втор најголем пазар за луксузни автомобили во светот

Како дел од оваа офанзива, денес во Токио започна со работа најголемиот салон на Aston Martin во светот. Центарот на три ката покрива површина од точно 1.000 метри квадратни, во делот од светот кадешто секој сантиметар е важен. Новиот дом на Aston Martin се наоѓа во Аојама, во срцето на Токио. Во него има место за изложување осум модели од британската марка.

https://www.facebook.com/astonmartin/posts/10155390847673355

Во околните објекти се наоѓаат просториите во коишто ќе работи развоен центар, посветен на локалните специфики на луксузот. Покрај тоа што во салонот ќе може да се купи автомобил или прибор од марката, клиентите ќе можат и да се релаксираат во него или да си приредат забава со расположливите мултимедиски системи.

Британците веруваат дека ниту еден друг салон во светот нема да продава повеќе возила на Aston Martin од овој во Токио. „The House of Aston Martin Aoyama“ е осмислен како центар во когошто клиентите и ентузијастите ќе можат да уживаат во уметноста, културата, шопингот, луксузот и елеганцијата. Освен во Токио, салони на бондовската марка се наоѓаат и во Осака, Нагоја, Фикуока и Хирошима.

И зар во сета оваа приказна смее да отсуствува сцена од „007: You Only Live Twice“

https://youtu.be/JLau1ANQO2I

Претходна објаваЗа Apollo Intensa Emozione пеколот е забавен парк
Следна објаваHennessey Venom F5 со амбиции да го победи Chiron

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here