за

Средношколци во Мадрид направија фиќо на струја

Seat 600 електрично фиќо средношколци мадрид
Seat 600 електрично фиќо средношколци мадрид

На дузина средношколци од шпанската престолнина им беа потребни 150 часови да го заменат бензискиот мотор во Seat 600 со погон на струја. Наоѓањето делови и спојот на менувачот со електромоторот беа главните предизвици во проектот. Ист проект кај нас беше претставен на најофицијално ниво со државни почести и награден со стотина илјади евра.

Дванаесет студенти, 10 нови делови за возилото и околу 150 часови работа. Тоа е сé што беше потребно за средното училиште Сан Патрисио во Мадрид да префрли Seat 600 на струја. Станува збор за шпанска верзија на Fiat 600.

Учителот и раководител на проектот, Мануел Амор, објаснува зошто Seat 600 е совршен за преправката: „Таа тежи малку, нема потреба од голема батерија и може да користи помал електромотор.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Учениците на насоката за индустриска технологија направија посебен контраст меѓу стариот автомобил и погонот на денешницата, поставувајќи голем дисплеј на допир во кокпитот и диодни светла со автоматско вклучување.

Посебен предизвик за идните занаетчии беше изработката од ново на сите делови потребни за спојување на електромоторот со менувачот. Некои од тие делови беа преправени од постоечките. Според тоа, проектот го вклучи и важниот фактор на рециклирање, исто како кај големите производители на автомобили.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Повеќето од овие 18-годишници биле изненадени кога откриле дека во малечкиот автомобил има доволно место за четири патници. Seat 600 стартуваше со производство во 1957 година и долги години беше симбол на масовната моторизација во Шпанија и симбол на слободата. Подеднакво изненадени беа бабите и дедовците на средношколците, кои автомобилот од нивната генерација го доживеаја во електрична изведба.

Сличен проект кај нас мина неславно, откако јавноста препозна дека станува збор за класично остварување финансиски интереси. Тоа веројатно нема да остави лош белег за идните и реални проекти во подрачјето на електромобилноста во земјава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Битола - Ова не е паркинг

Битола им дели жолти балони на неправилно паркираните

Производители казна CO2

Производителите може да се соочат со 34 млрд. евра казна