Seat има најголем соларен парк во автоиндустријата

Годишниот производствен капацитет на соларниот парк изнесува 15 милиони киловатчасови

Шпанската фабрика покрива 16 проценти од енергијата за производство на Ibiza со струјата добиена од соларните панели на покривот. Тие покриваат површина на 40 фудбалски игралишта.

Соларниот парк Seat al Sol се состои од 53.000 соларни панели, коишто покриваат површина од 276.000 метри квадратни – исто колку 40 фудбалски игралишта. Системот што е инсталиран на покривите од производствените хали во фабриката во Марторел ја испорачува чистата енергија точно на местото кадешто истата е потребна. Со соларните колектори се избегнува емисија на 7.000 тони СО2 годишно. Тоа е 8,5 пати повеќе јаглероден диоксид отколку што за една година може да апсорбира Централ Парк во Њујорк.

seat ibiza sun
Seat ja нуди специјалната серија Ibiza Sun на германскиот пазар, со попуст од 1.500 евра – благодарение на заштедата од „соларната“ струја

Номиналната моќност на системот изнесува 11 мегавати, а максималната 12 MW. Годишниот производствен капацитет изнесува 15 милиони киловатчасови, што е 16 проценти од енергетската потреба за производство на моделот Ibiza – без ниту еден грам штетна емисија во воздухот.

Шпанската марка на Volkswagen вложува максимална грижа во заштитата на животната средина. Две железнички линии во вкупна должина од 40 километри ги превезуваат возилата до Барцелона и деловите до Зона Франка, со што се избегнуваат 50.000 камионски тури годишно и емисија од 2.000 тони СО2. Покрај тоа, термоелектраната во Марторел произведува 50 проценти од електричната енергија и 90 проценти од потребната топлина, избегнувајќи емисија од 12.800 тони СО2 годишно. За погонот се користат исклучиво енергетски ресурси од обновливи извори.

Претходна објаваFord GT е плашило за Ferrari: Историјата се повторува
Следна објаваP1 GTR: Најсилниот и најексклузивен McLaren ќе дебитира во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here