Шпанската марка тргна во освојување на глобалниот пазар. Мексико покажа огромен потенцијал за Seat, со раст на продажбата од 60 проценти. Целта е место меѓу десетте најпродавани марки.
Seat ќе го искористи Мексико како клучен пазар за растеж и интернационализација на марката. Неодамна стартуваше продажбата на новиот Leon, кој заедно со Ibiza ќе биде основа за реализација на планот, марката да го зацврсти своето место меѓу десетте најпродавани во Мексико, откако во минатите две години беше постигнат раст во продажбата од 60 проценти. Од почетокот на годинава шпанската марка се продава за 8,5 проценти подобро отколку во ланскиот период, со 7.360 возила продадени во првите четири месеци. Моментно Seat е деветта најпродавана марка.
Seat извезува 83% од производството, во 77 држави. Во периодот од јануари до април, Шпанците постигнаа раст во продажбата од 11,5 %, главно поради свежното присуство на стратешките пазари во светот

Преку педесетте дилерства во земјата, Seat продаде 13.380 возила во 2010 година, потоа 18.115 возила во следната година, за минатата да ја заврши со 21.114 возила. Со овие продажни резултати, Мексико е шести најголем пазар за шпанската марка и втор најголем надвор од Европа, по Алжир. На глобално ниво, Мексико е петнаесетти најголем пазар за автомобилската бранша, и трет најголем пазар во Америка, по САД и Бразил. Во минатата година во Мексико се продадоа близу еден милион возила.
Најважните пазари на Seat | Продажба јан. – апр. 2013 | Промена во % |
Германија | 23.702 | + 30,6 |
Шпанија | 22.356 | + 10,7 |
Велика Британија | 14.784 | + 9,0 |
Алжир | 7.822 | + 137,6 |
Турција | 2.126 | + 111,1 |
Русија | 1.217 | + 210,5 |