Samsung Flow спојува различни уреди

Samsung планира потесно меѓусебно поврзување на различни класи на уреди

Според Samsung, паметниот рачен часовник во иднина ќе потсеќа да се наполни телефонот, ќе го пренесува телефонскиот повик и на телевизорот или безжично ќе префрлува документ од таблетот на десктоп-компјутерот.

За синхронизација на податоците меѓу мобилниот телефон и компјутерот или за префрлување содржини на телевизорот, обично мора да се користат различни видови на поврзување, Cloud решенија или апликации. Јужнокорејскиот производител Samsung, на конференцијата за развивачи во САД најави можност за поврзување под името Flow, којашто овозможува пренесување на содржините на друг уред во неколку едноставни потези.

Flow се базира на Apple Continuity и овозможува едноставно продолжување на работењето и на уреди со Андроид. Вклучени се паметни телефони, таблети, паметни телевизори, десктоп компјутери и паметни часовници. Во почетокот Samsung сепак сака да се концентрира на уреди со Андроид. По инсталирањето на соодветниот софтвер, содржините се пренесуваат преку контекстно мени на уредот што се наоѓа во близина. На тој начин, интернет страницата што е отворена на паметниот телефон, се „преселува“ на таблетот. Ќе постои и интерфејс за развивачи.

На промотивното видео, Samsung ги прикажува идните можности за примена на Flow. Повик на паметниот телефон ќе може да се прими и на телевизорот. Адреса што се бара на таблет се префрлува на паметниот часовник, којшто потоа ја презема навигацијата. Покрај тоа, Flow ќе ја олесни постапката кога документ се почнува на еден уред и треба без прекин да се продолжи на друг уред. Се предвидуваат и известувања. Паметниот часовник би можел при влегување во станот да препорача полнење на слабите батерии на паметниот телефон.

Производителот уште не прецизира кога би можело да се реализира ова тесно поврзување меѓу Андроид и Flow. Планираните функции го привлекуваат вниманието на корисниците што поседуваат поголем број уреди од различни класи и сакаат истите да ги поврзат подиректно.

Претходна објаваNissan GT-R во земјата за возење од соништата
Следна објаваПаметен тениски рекет за подобрување на ударот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here