Saab се наелектризира од лошите гласини

Откако почнаа да се шират гласини за несолвентноста на Saab, фирмата е под голем притисок. Швеѓаните го претставија Saab 9-3 Electric Vehicle, но само како прототип.

Електричниот прототип на Saab има досег од 200 километри и моќност на електромоторот од 140 КС. Забрзувањето до сто трае десет секунди, а крајната брзина е ограничена на 120 km/h. Литиум јонските батерии се вградени во подот на возилото, така што кабината останува непроменета.

National Electric Vehicle Sweden или NEVS, сопственик на култната марка Saab, му припаѓа на извесен бизнисмен со шведско-кинеско потекло. Тој го купи Saab пред две години со цел да го доведе до крај развојот на електричниот автомобил по повлекувањето на General Motors од фирмата. Планот беше возилата да се продаваат првенствено во Кина. Но, поради проблемите со сериското производство, фирмата реши прво да го реактивира стариот модел 9-3 во верзија со бензински мотор и го понуди во продажба преку интернет на шведскиот пазар. Во минатата недела еден од добавувачите побара поведување стечајна постапка во Saab поради неподмирени долгови.

Претходна објаваAstaZero: Во овој тест центар созреваат безбедносните системи на Volvo
Следна објаваОвој теренец на Citroen е само за Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here