Најлуксузната марка автомобили во светот продала 4.063 возила лани. Истовремено се зголемил и интересот за користените возила на Rolls-Royce со фабрички сертификат, дури 90 проценти повеќе Европејци избрале такво решение. Без Велика Британија, европската продажба на користени возила директно преку мрежатa на Rolls-Royce достигнала зголемување од дури 147 проценти. Само на територијата на Лондон, лани се продадени 45 парчиња „од втора рака“, што е историски рекорд.
















