за

Rolls-Royce се заканува со црна листа за неверните купувачи

Rolls-Royce им се заканува на клиентите што ќе го препродадат својот Spectre, дека ќе им изрече доживотна забрана да купат автомобил.

Луксузните автомобили на Rolls-Royce се ценети и скапи. Кој сака од тоа да си направи исплатлив бизнис, рано ќе си нарача модел и потоа ќе го продаде со голема зараб отка.

Овие препродажби им се трн во око во Rolls-Royce. Затоа британскиот производител им се закани на своите клиенти. Кој ќе го продаде својот Spectre за да заработи од тоа, ќе се соочи со доживотна забрана да купи автомобил од нив.

„Веднаш ќе се најдете на црна листа и толку – никогаш повеќе нема да бидете во можност да купите автомобил“, изјави шефот Торстен Милер-Отвос за магазинот Car Dealer.

Spectre е првиот електричен автомобил на британската марка. Испораката на возилото што чини најмалку 390.000 евра, ќе започне во последниот квартал. За аеродинамичното купе на струја пристигна толку голем број нарачки, што Милер-Отвос веќе размислува да ја зголеми продукцијата.

Тој споредува, дека моментот да се биде виден во Spectre, којшто е прв електричен автомобил на луксузната марка, исто толку е значаен, како што на луѓето им беше важно во 2007 година да бидат видени дека имаат Apple iPhone. Секој што сака да нарача Spectre, мора да помине детална проверка во Rolls-Royce, објасни извршниот директор и додаде, дека 40 проценти од купувачите се нови во Rolls-Royce.

И покрај заканите од Милер-Отвос, возилото да не се продава, познатиот британски дилер со суперавтомобили, Том Хартли, според своите изјави веќе има откупено два Spectre од клиентите на Rolls-Royce. „Производителите никогаш не можат да ги спречат успешните претприемачи, бизнисмени и аристократи, да ги продадат своите автомобили“, кажува Том Хартли за магазинот Car Dealer. „Според мене, не е фер кога производителите на автомобили им одредуваат на клиентите, коишто сакаат да платат речиси половина милион фунти за автомобил, што треба тие да прават со нив. Тоа не е правилно.“

Основачот на Rolls-Royce ја предвиде ерата на електромобилноста

Spectre тежи 2,9 тони, долг е 5,5 метри и го нуди сиот луксуз што клиентите отсекогаш очекувале да го добијат во марката. Двата електромотори заедно располагаат со моќност од 585 КС и вртежен момент од 900 њутнметри. Ако затреба, Spectre ќе спринтува до темпо сто за 4,5 секунди, а крајната брзина изнесува 250 km/h. Неговата батерија од 102 kWh дозволува досег до 500 километри.

Основачот Чарлс Ролс уште рано ги имаше осознаено предностите на електричните автомобили: „Електричниот автомобил е целосно безшумен и чист. Нема миризба и нема вибрации. Тие ќе бидат мошне корисни, кога ќе има поставено станици за полнење.“ Тоа Ролс го напиша уште во 1900 година, во напис во печатот.

Тој загина во авионска незгода десет години подоцна. Електричните автомобили воопшто не беа реткост во раните години во 20-от век. Моторот со внатрешно согорување се проби дури подоцна.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нема експерименти со новата генерација на Volkswagen Passat

Peugeot изведува суптилна еротика со маскирањето на новата 3008-ка