за

Peugeot изведува суптилна еротика со маскирањето на новата 3008-ка

Тоа е вештина со којашто владеат мајсторите на еротиката. Да се сокрие точно колку што треба, за фантазијата да си го осмисли останатото. Така и со маскирањето на новата 3008-ка на Peugeot.

Французите прават голема драма околу појавувањето на новата генерација на компактниот СУВ-модел Peugeot 3008 и го имаат сето право за тоа. Предизвикот именуван #CAMOCATCH преоѓа на следното скалило.

Peugeot летово ги поттикнува сите што ќе ги видат претсериските протитипи од новата Peugeot 3008 во завршното тестирање по јавни патишта, да ги фотографираат возилата. Следниот чекор ќе биде покана за најголемите среќници да присуствуваат на првите возења на Peugeot 3008 SUV и сами да седнат зад воланот на важниот модел.

Уште еден важен детал што го откриваат од канцеларијата во Поаси е дека кај прототипите што ќе се среќаваат при тестирањето ширум Европа станува збор за електричната изведба, значи за Е-3008.

Потфатот почна во мај, кога Peugeot ја повика јавноста да избира кои маски најдобро ќе ѝ прилегаат на 3008-ката. Тоа се случи, и беа избрани:

  • тема “Street Art”,
  • тема “Optical Art” и
  • тема “Prototype”

Во минатиот месец се печатеа и поставуваа фолиите врз прототипите на Peugeot E-3008. Следно е овие возила да се фотографираат кога ќе се забележат на улица, и фотографиите да се објават на друштвените мрежи, под обележувачот #camocatch и со тагирање @peugeot .

Оваа фаза ќе трае од 15-ти јули до 15-ти август

Маските на прототипите содржат QR код, по чиешто скенирање се пристапува до вебсајтот на проектот #CAMOCATCH.

Од пристигнатите фотографии – само една по профил – ќе е изберат 6-те победници, коишто ќе добијат покана да ја тестираат новата 3008-ка на првите тест-возења за новинарите во 2024 година.

Маската ќе биде конечно тргната во септември.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce се заканува со црна листа за неверните купувачи

Индија е новиот голем пазар: Kia произведе милион автомобили