за

Индија е новиот голем пазар: Kia произведе милион автомобили

Индискиот огранок на Kia го прослави едномилионитото произведено возило во земјата, со стартот на новиот СУВ-модел Seltos.

Kia India одбележа уште едно историско поглавје, откако од производствените ленти во технолошки напредната фабрика во Анантапур излезе едномилионотото возило. „Милионерскиот“ модел е примерок од новата генерација на Seltos.

Со тоа воедно беше означен и почетокот на производството на најновиот модел во портфолиото на фабриката на Kia во Индија. Дизајнот на новиот Seltos е сменет, арсеналот од системи за безбедност опфаќа 32 ставки, вклучувајќи и автономно возење од Ниво 2, а сега има и можност за нарачка на стаклен покрив, што индиските купувачи долго го бараат. Kia вложува многу во растечкиот индиски пазар, којшто е важен дел во стратегијата на корејскиот производител.

Kia пристигна на индискиот пазар со лансирањето на Seltos во август 2019 година. Таа брзо прерасна во една од најбараните СУВ-марки во земјата. Во рекордно кус период од 46 месеци, Kia веќе имаше продадено половина милион возила во Индија.

Производственото портфолио набрзо беше дополнето со Carnival и Sonet во 2020 година, потоа следеше Carens, заедно со стартот на продажбата на електричниот кросовер EV6 во 2022 година. Во технолошки напредната фабрика во Анантапур досега се произведени 532.450 примероци од Seltos (за извоз и за домашниот пазар), на што следат 332.450 примероци од Sonet, 120.516 примероци од Carens и уште 14.584 примероци од Carnival.

Kia во следниот период двојно ќе го зголеми бројот на продажни салони во Индија, од сегашните 300 на повеќе од 600 центри

Корејскиот производител применува посебен пристап во градењето на имиџот на големиот индиски пазар, којшто се одликува со посебности. Меѓу бројните проекти, Kia работи на градење на свеста за штетноста од пластичниот отпад, а воедно има и програма за дарување овошни дрвца на фармери што се во незавидна ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kia India (@kiaind)

За вниманието што Kia го посветува во земјата, сведочи и програмата за подршка на жените во селата, преку нивна обука и развој на вештини, со цел за тие да стекнат економска независност.

На свеченоста присуствуваа високи политички претставници на Андра Прадеш, меѓу кои министерот за финансии, планирање и правни работи, Бугана Раџендранат Реди, министерот за индустрија, инфрастуктура, инвесртиции и стопанство, информатичка тенхологија, Гудувада Амернат, пратеникот Горантла Мадав и претставник од Собранието на Пенуконда, Санкаранарајана.

Во јуни направивме посебен тест на Kia XCeed со приклучен хибриден погон; Чисто со погон на струја до Куманово

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot изведува суптилна еротика со маскирањето на новата 3008-ка

Рекламно пано на Mercedes игра заедно со минувачите