Водечкиот производител на ултралуксузни возила распиша конкурс за 100 нови работни места. тоа е резултат од рекордните бројки во продажбата во последните три години, како и од новите модели.
Според резултатите од продажбата за првите шест месеци, Rolls-Royce е на најдобар пат оваа година да ја заврши со рекордни бројки. Најголемиот број од работните места се отвораат во Гудвуд, домот на Rolls-Royce. Половината од новите места се во секторите за маркетинг, продажба, сервисирање, индивидуализација на возилата и односи со јавност. Останатите позиции се отвораат во развојот на нови модели и во производството, што произлегува од новиот модел Wraith, кој моментно е во претсериска фаза, додека првите модели не почнат да се испорачуваат на клиентите наесен. Неколку позиции се отвораат и во регионалните претставништа на Rolls-Royce во цел свет.
Торстен Милер-Етвес, шеф на марката, изјави: „Нашиот резервиран оптимизам од почетокот на годината се оправда. Тоа повлекува отворање на нови места, за кои што гибараме најдобрите таленти во производството и во луксузниот сегмент. Кампања за конкурсот за нови работници ќе се објави уште во текот на оваа недела, со огласи во Sunday Times и во Marketing Week. Кандидатите може да се пријават и преку интернет страницата на Rolls-Royce Motor Cars.