за

Fiat и Французите најмногу искористија од растот на рентакар-продажбата

Peugeot 208 беше најчест избор на рентакар-компаниите во април, откако овој важен пазарен сегмент продолжи со раст, посебно во туристичките региони.

Најпродаван градски модел со целосно електричен погон е Пежо е-208.

На трите главни пазари за компаниите што изнајмуваат автомобили – Франција, Италија и Шпанија – најпродаван модел во минатиот месец беше Peugeot 208 со 2.874 примероци.

Трите француски марки Peugeot, Citroen и Renault, заедно со италијанскиот Fiat, искористија најмногу од големиот раст во побарувачката за возила од страна на компаниите за рентакар, во трите држави што се најпопуларни одредишта за туристите.

Продажбата на возила за компаниите за рентакар во април порасна за 143 проценти во Италија, за 78 проценти во Франција и 30 проценти во Шпанија. Податоците доаѓаат од консултантската компанија Dataforce.

На францускиот пазар, од растот на побарувачката најмногу искористија Citroen (+195 проценти), Renault (+149 проценти) и Peugeot (+62 проценти).

Во Италија, Fiat беше водечки на пазарот во април, со раст од 69 проценти во споредба со лани.

Пазарот за рентакар компаниите во минатата година беше во големо мирување, поради повеќе чинители

Производителите на автомобили беа ограничени поради војната во Украина, што предизвика потешкотии во снабдувањето со кабли, затоа што повеќето од добавувачите што ги снабдуваат производителите на автомобили се наоѓаат во земјата. Дополнителни потешкотии предизвика недостигот од микрочипови, како и последиците од пандемијата. Поради тоа, производителите на автомобили ставија главен нагласок на приватната продажба и на продажбата на службени возила за големи компании. Секторот на рентакар остана запоставен.

Во Шпанија води Volkswagen, пред Peugeot и Seat.

Со априлскиот продажен бум на трите пазари, Peugeot продаде најмногу возила (6.977) пред Fiat (5.581) и Renault (5,543)

Најпродавани модели од марките одделно беа Peugeot 208, Fiat 500 и Renault Clio

#
1 PEUGEOT 208 2,874 188
2 FIAT 500 2,616 208
3 CITROEN C3 AIRCROSS 2,036 86
4 RENAULT CLIO 1,960 1,408
5 PEUGEOT 2008 1,874 259
6 RENAULT CAPTUR 1,691 47
7 FIAT 500X 1,432 705
8 VW T-ROC 1,415 108
9 FIAT PANDA 1,197 −36
10 LANCIA YPSILON 1,111 321

Уште еден тренд што се забележува е растот на побарувачката за СУВ-возила од страна на компаниите за рентакар. На мали и компактни СУВ-модели отпаѓа половина од вкупната продажба на возила во април, на трите главни пазари. Нивниот удел до пред неколку години се движеше до најмногу 25 проценти.

 
1 PEUGEOT 6,977 101
2 FIAT 5,581 66
3 RENAULT 5,543 164
4 CITROEN 4,825 85
5 VW 4,574 68
6 AUDI 2,831 357
7 OPEL 2,101 0
8 SEAT 2,011 31
9 MG 1,822 65
10 KIA 1,468 88

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Логистиката на Toyota ќе користи камиони со водороден погон

Маржата на производителите на автомобили намалена во првиот квартал