Renault ќе ја претстави луксузната верзија на Clio во Париз

Clio ќе биде првиот сериски модел што Renault ќе го понуди во луксузното ниво Initiale Paris. Продажбата на моделот ќе стартува веднаш по премиерата во Париз, а се подготвува и конкуренцијата.

Во класата на малечките се случуваат многу промени. Купувачите се префрлуваат од повисоките класи на возила, но бараат нивните нови „малечки“ да го поседуваат истото ниво на комфорна и луксузна опрема. Renault веќе го најави почетокот на продажбата на луксузната верзија на Clio под значката Initiale Paris, којашто се ориентира кон „новите“ купувачи на коишто луксузните марки им се прескапи или премногу впечатливи.

Французите засега не откриваат точни детали околу опремата што ќе ја поседува Clio Initiale Paris, но француските медиуми веќе пишуваат дека моделот ќе има темелно преработен ентериер, со поквалитетна и помека пластика, детали од кожа, грејачи во седиштата, како и надворешни белези што ќе укажуваат на статусот на возилото. Цената на Intiale Paris би изнесувала околу 3.500 евра над досега најскапото ниво на опременост на Clio.

Renault ги најави плановите за воведување на луксузното ниво на опрема со концептот на новиот Espace на салонот во Франкфурт во 2013 година. Култниот ван исто таќа ќе доживее премиера во Париз, но од марката уште не откриваат кога ќе стартува со продажба верзијата Initiale Paris во гамата на ванот. Програмата Initiale Paris ја иницираше поранешниот шеф Карлос Таварес, којшто сега е прв човек во PSA Peugeot Citroen.

Претходна објаваNissan стартува со продажба на најбесната верзија на Juke
Следна објаваУште една награда за дизајн за Skoda Rapid Spaceback

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here