Стелантис ги демантира гласините дека ќе се спојуваат со Рено

Преседателот на Стелантис, Џон Елкан, изјави дека концернот на Фиат и Пежо нема намера за преземање и спојување, одговарајќи на гласините во медимуите, за можно соединување со ривалот Рено, со подршка на француската држава.

„Не се разгледувале планови во поглед на спојувањето на Стелантис со останати производители,“ наведе Елкан во изјавата во понеделникот, додавајќи дека групацијата е посветена на исполнување на својот долгорочен деловен план.

Во неделата, италијанскиот дневник Ил Месаџеро објави дека во француската влада, којашто е најголем акционер во Рено и има удел и во Стелантис, се разгледувале планови за соединување меѓу двата концерни.

Франција размислува да ги спои двата производители на автомобили, со цел да го зајакне своето присуство во секторот и да им се спротивстави на кинеските и германските конкуренти, објави Ил Месаџеро.

Аналитичарите на Еквита кажаа дека таква зделка прво мора да ги помине пречките што спречуваат создавање монопол, а посочија и на социјалните проблеми што би биле предизвикани со дуплирањето на капацитетите на производителите.

Претходна објаваКу 7 станува модерен класик во моделското семејство на Ауди
Следна објаваПариз гласа за трипати поскап паркинг за СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here