Рено Рафал со целосно нов дизајн и само со хибриден погон

Рено го поврзува врвниот модел во СУВ-понудата со француски спортски авион од 1930-те години и го именува по Кодрон Ц460 Рафал. За разлика од авионот со шестцилиндарски мотор Рено со механички компресор и 310 КС, автомобилскиот Рафал обично ќе вози со трицилиндарски бензинец, што заедно со два електромотори испорачува системски 200 КС.

Шефот Лука де Мео со пуштањето на новиот Рафал на автомобилската сцена ја заокружи својата стратегија. Од марка што продаваше главно помали модели на коишто е мала заработката, де Мео ја префрли марката на модели од компактната и средната класа, на коишто се создава профит за Рено да се движи забрзано во ерата на електромобилноста.

За Рафал дополнително да се издвои од останатите модели во гамата, главниот дизајнер Жил Видал создаде сосем нов дизајнерски јазик кај СУВ-купето. Рафал, именуван по авионот што во 1934 година постави брзински рекорд, а тој пак именуван по францускиот збор за виор, користи иста платформа ЦМФ-ЦД со Аустрал и Еспас, но додава во сите подрачја.

Освен во димензиите, Рафал се издвојува од Аустрал и по материјалите што се применети во внатрешноста, по фините детали во каросеријата и во дел по технологијата со којашто располага.

Во време кога Рафал првпат се појавува во салоните во Франција, новитетот на марката со ромбот ја доживеа својата премиера и на македонската сцена, во салонот на Аутомотив Груп. Долг 4,71 метри и широк 1,86 метар,

Дизајнот прикажува многу поостри рабови и создава многу поенергична појава од претходната низа новитети на Рено. Напред се впечатливи прекршените дневни светла и маската со ситни ромбови што создаваат сјај како диско-топка. Рафал покажува карактер и отстрана, со аглите и прекршувањата што се изведени без задршка.

Чоколадната страна е опашот, со голем спојлер во спротивност со тенките светла, со лого што е издвоено од каросеријата, со суптилни заоблувања и остри линии.

Просторноста убедува и на задната клупа, а тоа се однесува и на солидната висина на просторот за глава назад. Багажникот располага со зафатнина од 530 литри.

Внатрешноста е позната од Аустрал и Еспас, меѓутоа е направен уште еден чекор понапред во насока на завршната изработка и отменоста што ја оддава кокпитот. Во најпрестижните изведби се користи дури и лискун, материјал што само со врвна технологија е овозможено да се вгради во кокпит на автомобил. Станува збор за исклучутелно тенок слој, што освен по изгледот, остава впечаток и при допирање.

Седиштата се целосно нови, спортски цврсти. Инфо-забавниот систем во Рено секогаш работи со софтвер во најновото издание, благодарение на веќе традиционалната соработка со Гугл, односно истиот се темели врз Андроид. Освен брзината на работата, системот се одликува и со впечатлива графика и богато мени.

Рено посебно се гордее на огромниот панорамски покрив. Тој користи техника со течни кристали и при силно сонце самостојно се затемнува за миг, по желба во девет различни степени, односно само напред, назад или целосно. Тоа може да се изврши и преку копче.

Рафал се нуди исклучливо како хибрид. Место 1,6-литарскиот бензинец што се користеше во претходната генерација хибриди, во Рафал работи 1,2-литарски турбо бензинец со три цилиндри и 130 КС. Погонската спрега ја дополуваат два електромотори, со 70 и со 25 КС, батерија од 2,0 кВч и автоматски менувач со повеќе режими на работа.

Подоцна во понудата ќе биде воведен модел со 300 КС и погон на сите тркала. Опција е управување на сите тркала (задните тркала се вртат до 5 степени), познатиот систем 4 Контрол на Рено, што повторно е унапреден кај Рафал.

Аутомотив Груп ќе ги објави цените за Рено Рафал кон завршетокот на летото, но сосем е извесно дека цената ќе биде над Еспас. Според францускиот вебсајт на Рено, Рафал со ниво на опрема Техно чини 45.000 евра, додека нивото Алпин, како кај премиерниот модел во салон, чини 50.550 евра.

Видеото од тестот на електричниот Рено Меган

Претходна објаваИталија сака згаснатите автомобилски марки да им ги продаде на Кинезите
Следна објаваПристигна освежената Škoda Octavia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here