Renault Koleos: Големиот теренец ја започнува кариерата во Кина

Првиот Koleos пристигна од корејскиот Samsung, а за втората генерација на моделот, Французите се повикуваат на техниката на партнерот Nissan. За комплетирање на светската авантура, новиот теренец на Renaut ќе биде претставен во Кина.

Renault ќе ја претстави новата генерација на Koleos на салонот во Пекинг, кој се одржува меѓу 25-ти април и 4-ти мај. Спортскиот теренец од средната класа е француска варијанта на Nissan X-Trail, но исто како и помалиот брат Kadjar, чијашто основа потекнува од Nissan Qashqai, моделот има каросерија скроена во актуелниот стил на Renault. Нoвиот Koleos може да се очекува да пристигне во продажба на европскиот пазар во почетокот на следната година.

Французите откриваат само малку детали околу техниката на големиот теренец. Со должина на каросерија од 4,65 метри, Koleos е сосема извесно дека ќе ги користи актуелните 1,6-литарски мотори од X-Trail и ќе се нуди во две погонски конфигурации, во верзија со погон напред и верзија со погон на сите тркала. Мала е веројатноста дека Renault ќе користи трет ред седишта како што е случај во Nissan X-Trail, меѓу другото и поради заштита на сопствениот кросовер Espace од канибализам во сопствените редови. Во тој случај, на Koleos ќе му преостане огромен товарен простор со зафатнина до два метри кубни.

Новиот Koleos нема заеднички точки со претходникот, кој беше производ на корејската фирма-ќерка Samsung и не постигна успех на европскиот пазар. Моделот повеќе изгледаше како да е „измислен“ за колку толку да се фати чекор со продажниот бум во сегментот на спортските теренци. Последната серија од моделот беше достапна само со врвно ниво на опременост и со ограничена понуда од мотори.

Како што наведуваат од француската компанија, Koleos е клучен играч во офанзивата од десет нови модели што Renault ги претстави во изминатиов период со цел да се зголеми присуството на марката на светскиот пазар. Во почетокот од годинава Renault отвори фабрика во кинескиот Вухан и очекува дека новиот Koleos ќе даде силен поттик за зголемување на продажбата на овој значаен пазар.

Претходна објаваИдниот Volkswagen Amarok се приближува до изгледот на Touareg
Следна објаваVolvo цели на еден милион електрични возила до 2025 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here