за

Електричниот Renault Kangoo уште од 2011 година владее со сегментот

Renault постигна уште една револуција, кога во 2011 година го понуди Kangoo Van E-Tech Electric како прво доставно возило со електричен погон.

Како заслуга за револуционерната улога, експертите веднаш го прогласија моделот на Renault за „Светски ван на годината“. Тоа беше првпат, доставно возило со погон на струја да ја освои титулата. Оттогаш се имаат случено многу нешта.

Во фабриката на Renault во Мобеж, на северот на Франција, до денес се произведени повеќе од 90.000 примероци од Renault Kangoo во доставна и патничка изведба. Дополнителни 10.000 примероци се произведени во фабриката од Mercedes-Benz Citan и Nissan Townstar.

Електричниот Kangoo одигра важна улога во развојот на електрификацијата во француската марка. Уште во 1985 година започнаа тестирањата со легендарниот модел Espress. Батериите тогаш уште се изработуваа од скапи никел и цинк. Целта беше да се провери дали електричниот погон одговара за примена во доставно возило.

Тестирањата траеја и во раните 2000-ти, со електричниот Kangoo Electri‘cité, како и со хибридниоот Kangoo Elect‘road. Овие модели во 2002 година без изработени во мала серија, за уште еднаш да се проверат искуствата стекнати во конструираето, производството, но и  во одржувањето и сервисирањето на елеткрични возила.

Новото поглавје во историјата започна со Kangoo Z.E. во 2011 година. Новодојденецот беше прво електрично доставно возило што ја освоило наградата „International Van of the Year“.

Повикувајќи се на веќе богатото искуство, Renault почна да развива цела понуда од моделски изведби околу електричниот Kangoo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renault France (@renault_france)

Со повеќе од 90.000 примероци досега, Kangoo E-Tech Electric е најпродавано доставно возило со погон на струја во светски рамки. Заедно со Nissan Townstar и Mercedes-Benz Citan / T-Class, продукцијата надминува 100.000 возила.

Kangoo E-Tech Electric се нуди како доставно возило и како семејно возило. Традиционално, може да се избира меѓу две должини на каросеријата, а за нарачка е достапна и камп-изведба. Заедно со партнерите, Renault може да понуди 350 најразлични наградби за ванот.

Меѓу компаниите што масовно користат електричен Kangoo во својот возен парк спаѓа и TIBCO, на коишто им беше испорачан 90-илјадитиот примерок од Kangoo E-Tech Electric.

Фирмата располага со возен парк од 800 возила, од кои половината се на струја. Меѓу нив има 120 возила Renault Zoe E-Tech Electric, 23 возила Megane E-Tech Electric и 30 возила Kangoo E-Tech Electric.

Секако дека и во Македонија имаме пример за успешната примена на елеткричниот Kangoo, во служба на ДХЛ

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 208 по милион продадени возила и два наслови на бестселер

Fiat подготвува уште два важни модели за следните две години