Извршниот директор на марката Fiat, Оливие Франсоа, гледа светла иднина за италијанската марка како дел од Stellantis и вели дека неговото „позитивно чувство“ се поткрепува со бројките од продажбата.
Во неофицијални разговори за време на премиерата на новиот Fiat 600e и Topolino, во Торино, во вторникот, Франсоа кажа дека Fiat во минатата година станал најпродавана марка на Stellantis според бројот на продадени возила и дека нејзината „маржа по возило не е за занемарување“.
Франсоа, ветеран во Stellantis, кој во исто време ја обавува и функцијата на генерален директор за маркетинг за целиот концерн, а во јуни доби надлежност и за марката DS Automobiles, кажа дека Fiat во минатата година продал 1,2 милион возила. Од нив, 520.000 возила се продадени во Европа, додека 497.000 возила биле продадени во Латинска Америка.
„Не само што Fiat стана најголема марка во рамките на Stellantis, туку ние сме и меѓу малубројните марки на светската сцена, заедно со Toyota и Kia, што продаваме повеќе во извоз отколку на домашните пазари“, објаснува Франсоа.
Оливие Франсоа додаде дека Fiat лани била најпродавана марка во Италија, Бразил и Турција.
Stellantis не ги објавува продажбата на возила и профитот на ниво на марки. Во целина, светската продажба на концернот во минатата година останала на исто ниво од 6 милиони возила, како во 2021 година. Чистата добивка сепак се зголемила за 23 проценти, на 16,8 милијарди евра, се покажува во извештаите од компанијата.
Франсоа кажа, дека Fiat со враќањето во зоната на добивка, ќе може повторно да развива нови модели во сопствена режија.
„Во изминатиот период, Fiat мораше да соработува со други производители на возила за да понуди нови модели, како што беше случај со Fiat 124 Spider (со Mazda), со пикапот Fullback (со Mitsubishi) и со моделското семејство на Tipo (со турски Tofas)“, објаснува директорот.
Во тие посни години, Fiat не можеше да одобрува развој и производство на нови модели, затоа што или немаше доволно голем пазар за нив, или затоа што не располагаше со соодветна платформа, за таа да се користи како основа за изведување на новите модели.
Франсоа покажа цртеж од еден од тие модели. Станува збор за модел од компакт класата, што бо 2013 година добил одобрение да се пушти како замена за Punto. Причината зошто моделот не влезе во сериско производство лежи во тоа што тогашниот концерн Fiat Chrysler Automobiles не располагаше со соодветна платформа за тој модел. Како единствен модел, тој не можеше да ги покрие трошоците за да се развие нова платформа.

„Како дел од Stellantis, марката Fiat сега располага со потребниот волумен и со соодветни платформи, за да биде конкурентен на глобалниот пазар“, објаснува шефот.
За тоа да се нагласи, Fiat на 4-ти јули, како датум на којшто пред 66 години е лансиран првиот Fiat 500, претстави два нови електрични модели, коишто ја користат технологијата од француските марки во концернот Stellantis. Во јануари 2021 година, тогашниот Fiat Chrysler Automobiles се здружи со PSA Peugeot Citroen, за да го формираат денешниот Stellantis.
Новиот 600е претставува СУВ од градсиот сегмент, базиран врз втората генерација на платформата eCMP на Stellantis. Таа платформа веќе ја користат Citroen C4, DS 3 Crossback, Opel Corsa и Mokka, Peugeot 208 и 2008, како и неодамна лансираниот Jeep Avenger.
Topolino е третиот модел на електричен четирицикл на Stellantis, покрај Citroen Ami и Opel Rocks-e. Сите три модели се произведуваат во фабриката на Stellantis во Кенитра, Мароко.

Франсоа кажа дека Fiat во следните две години ќе лансира два нови модели што ќе бидат наменети за светскиот пазар
Првиот модел ќе биде претставен во Торино, на 11-ти јули 2024 година. Тоа е денот кога Fiat одбележува 125 години од основањето на компанијата. Франсоа понатаму кажа дека новиот модел ќе црпи инспирација од неговото „милениче“, од концептниот Centoventi.
Претставен на салонот во Женева во 2019 година, Centoventi ја прикажа идејата „за електромобилноста да стане достапна за секого“, кажа тогаш Франсоа.
Главната идеја во концептот со електричен погон, којшто црпи инспирација од првата Fiat Panda од 1980, се состои во користењето на скалест ефект (користење на техниката за колку е можно повеќе возила), со што се овозможува цената на возилото да биде подостапна.

За новиот модел се очекува да биде базиран врз платформата Smart Car на Stellantis. Познато е дека тој ќе се произведува во Крагуевац, Србија. Fiat уште лани потврди дека новиот електричен модел ќе се произведува во Србија, на местото на семејниот миниван 500L.
Вториот нов модел ќе биде претставен на 4-ти јули 2025 година. „До 2025 година“, кажува Франсоа, „очекувам Fiat повторно да биде марка што ги поставува мерилата“.
View this post on Instagram
















