за

Renault Duster Team очекува топ 10 пласман на релито Дакар

За третото учество на легендарното рели Дакар, тимот Renault Duster ќе настапи со два комплетно нови автомобила и со мотори од Renault-Nissan. Целта е пласман меѓу првите десет места.

Од 2013 година, Renault Argentina учествува на релито Дакар, како едно од најтешките и највозбудливи настани во моторспортот. По освојувањето на 29-то место во генерален пласман во првата година, лани тимот забележа значителен напредок и го заврши релито на 14-то место во генерален пласман, односно на четврто место во класата.

Обата тима составени од Емилијано Спатаро и Бенјамин Лозада, како и Хозе Гарсија и Маурицио Малано се подготвуваа за Дакар учествувајќи во трите рунди во аргентинското првенство во крос кантри, со една победа и три втори места. За релито што ќе се вози од 4-ти до 17-ти јануари, тимот добива уште посилна поддршка од Renault Sport Technologies, со цел Duster да се пласира меѓу првите десет места.

Возилата ќе користат мотори V8 од алијансата Renault-Nissan, со 380 КС. Renault Argentina ќе му обезбеди на тимот логистичка и техничка поддршка во Аргентина, Чиле и Боливија, земјите низ коишто минува релито во 2015 година. Аргентинската филијала на Renault подготвува и специјална серија од Renault Duster Dakar (Dacia се продава во Аргентина под матичниот бренд Renault), којашто ќе се изработи во ограничен број примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зимска јакна и безбедносен ремен не се поднесуваат

Cayman и Boxster стануваат Porsche 718