Фотографиите од тестирањето на спортската верзија потврдуваат дека Французите не му одолеваат на задниот погон на Twingo. Премиерата на серискиот примерок може да се очекува за салонот во Париз.
Пред половина година Renault ја претстави новата генерација на својот најмалечок модел, којшто го развиваше во соработка со Smart. Преоѓањето на концепт на заден погон и мотор во опашот уште тогаш наведе многумина на помислата дека би била одлична можноста, на тој начин обезбедената динамика во возилото да се искористи за изведување на спортска верзија RS. Фотографиите од возилото што е уловено на тестирање на јавни патишта потврдуваат дека спортската верзија на Twingo е веќе блиску до сериски модел.
Претходникот исто така се нудеше во верзија RS со 133 КС и 1,6-литарски мотор. Во третата генерација на моделот сепак нема простор за толку голем мотор. Во опашот на новиот Twingo има простор само за трицилиндарски мотор. Постоечкиот 1,2-литарски турбо мотор со четири цилиндри и 120 КС, познат од Clio и Captur е преголем. Затоа се останува на 0,9-литарскиот трицилиндарец, којшто со повисок притисок на натполнење и дополнителна примена на интеркулер би можел да дојде до истата моќност од 120 КС. Комбинација со менувач со двојна спојка исто така доаѓа во предвид.
На фотографиите се забележува поголем отвор во маската, за снабдување со воздух на интеркулерот, додека назад се впечатливи двете издувни цевки. За спортскиот издув Renault веројатно ќе се повика повторно на специјалистот Akrapovic, по примерот на Megane RS275 Trophy R. Конкурентите се Abart 595 со 160 КС, Mini Cooper со 136 КС и идниот Opel Adam S со 150 КС.