за ,

Renault и Nissan одбележаа 15-годишнина

Француско јапонската врска во автоиндустријата денес одбележува една и пол деценија. Соработката ќе им овозможи на партнерите да заштедат 4,3 милијарди евра во 2016 година. Наскоро ќе има и нови партнери.

Renault и Nissan ја почнаа соработката во 1999 година, откако Французите откупија акции во кризниот Nissan. Компаниите лани продадоа 8,3 милиони возила, наспроти 4,8 милиони во 1999 година, со што се пласираат меѓу водечките производители во светот. Француско јапонската соработка моментно е најдолга и најпродуктивна врска на меѓународно ниво во браншата.

Меѓу секои десет автомобили што се продаваат годишно во светот, еден е од марките на алијансата, а нив во меѓувреме ги има дури осум: Renault, Nissan, Renault Samsung, Infiniti, Venucia, Dacia, Datsun и Lada. Соработката им овозможи на партнерите лани да заштедат 2,8 милијарди евра, што е рекорд. Од први април, соработката ќе прејде на повисокото ниво, во кое што со заеднички инженеринг, производство, набавка и персонал ќе се овозможи заштеда од 4,3 милијарди евра во 2016 година.

450.000 вработени во Renault и Nissan на глобално ниво

За таа цел, секое од четирите подрачја – развој, производство, набавка и персонал – ќе добие по еден заеднички извршен потпретседател, додека спроведувањето на одлуките ќе го надгледува нов управен комитет. Со други зборови, тоа значи дека за осумте марки во иднина уште поинтензивно ќе се користат заеднички платформи и компоненти од добавувачи, како и кадар, особено во делот на администрацијата.

Во 1999 година, кога е формирана алијансата Renault-Nissan, само 1 процент од продажбата доаѓаше од Бразил, Русија и Кина. Лани, дури 30 проценти од продажбата дојде само од овие четири земји. Погонот на струја е новата специјалност на партнерите. Во 2013 година, Renault и Nissan достигнаа кумулативна продажба од 134.000 возила на струја, сметајќи од декември 2010 година, откако стартуваше Nissan Leaf. Алијансата поседува главнински пакет акции во Avtovaz, најголемиот производител во Русија, а одржува и стратешко партнерство со Daimler, кинескиот Dongfeng Motor, Ashon Leyland (Индија) и Mitsubishi Motors.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Доцни испораката на Mini Cooper D поради гласниот дизел

McLaren го затвори и списокот за чекање на P1